Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Во Македонска Каменица успешно реализирана показната вежба за институционален одговор при поплави
Македонија

Во Македонска Каменица успешно реализирана показната вежба за институционален одговор при поплави

31/05/2025

AA

Во Македонска Каменица се одржа показна вежба за институционален одговор при поплави, проследена со тестирање на новоинсталираниот систем за рано предупредување. Настанот се реализираше во организација на Општина Македонска Каменица, во соработка со Центарот за управување со кризи, Дирекцијата за заштита и спасување, Полициската станица Македонска Каменица, Итната медицинска помош при Здравствената станица, образовните установи, ЈП „Камена Река“, Територијалната противпожарна единица, Црвениот крст на РСМ и други локални и национални институции.

Градоначалникот на Македонска Каменица, Димчо Атанасовски, изрази благодарност до сите институции за нивното активно учество и придонес во успешното спроведување на вежбата.

„Како градоначалник, сакам да изразам искрено задоволство од успешно реализираната показна вежба за институционален одговор при поплави. Посебна благодарност упатувам до членовите на Општинскиот кризен штаб и Просторните сили на Македонска Каменица за нивната подготвеност и координација, како и до сите граѓани за нивната соработка и разбирање за време на вежбата“, изјави Атанасовски.

Тој ја истакна и значајната улога на Рудник САСА, најголемиот економски оператор во општината, кој како општествено одговорна компанија го инсталираше системот за рано предупредување, со што значително се унапредува безбедносната инфраструктура во регионот.

„Општина Македонска Каменица ќе продолжи со вложувања во безбедносниот систем, со цел уште поефикасна заштита на животите и имотите на граѓаните. Безбедна општина е заедничка одговорност и наш приоритет“, додаде градоначалникот.

Директорот на Центарот за управување со кризи, Мухамет Али, нагласи дека системот за рано предупредување, донација од Рудник САСА, има големо значење и за локалната самоуправа и за Центарот за управување со кризи.

„Во Македонска Каменица е поставен современ систем за рано предупредување, кој значително ќе ја зголеми безбедноста на локалната заедница. Благодарност до рудникот САСА што со оваа инвестиција придонесува за заштита на животот и здравјето на луѓето, како и на материјалните добра. Ова е пример што треба да го следат и други компании во земјата“, изјави Али.

Системот, според директорот на Центарот за управување со кризи, овозможува навремено информирање на населението преку звучни сигнали за можни опасности, со што се намалуваат ризиците од кризни ситуации. Тој додаде дека системот од денес е официјално интегриран во националниот систем за тревожење.

Според Ивица Талевски, директор за одржливост на Рудник САСА, успешната реализација на вежбата за тестирање на системот за рано предупредување уште еднаш го потврдува силното залагање за безбедноста и одржливоста во САСА.

„Задоволство ни е што сме дел од овој проект кој воедно е дел од пошироките напори што ги преземаме за да обезбедиме максимална заштита за нашите вработени и локалната заедница, во согласност со највисоките национални и меѓународни стандарди. Грижата за луѓето и животната средина останува во срцето на нашите активности и на нашата долгорочна посветеност на одговорно рударство,“ изјави Талевски.

На покана на градоначалникот Атанасовски, на настанот присуствуваше и амбасадорката на Литванија во Северна Македонија, Вилма Дамбраускене, која изрази задоволство од можноста да ги сподели искуствата и добрите практики од нејзината земја.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ПАД ОД КАРПА КАЈ МАРКОВИ КУЛИ Тешко повреден српски државјанин

11/04/2026
Македонија

СОНЦЕ И ПОТОПЛО ВРЕМЕ Температурите ќе достигнат до 20 степени

11/04/2026
Македонија

3 ЛИЦА СЕ УАПСЕНИ, ПРИЈАВЕНИ СЕ ШЕСТ ИНЦИДЕНТИ Нов бран

11/04/2026
Македонија

ПРИТИСОК ВРЗ СОФИЈА ЗА НЕПРАВДАТА КОН МАКЕДОНЦИТЕ Во рок од

11/04/2026
Македонија

📷 📽️ НЕ ШМРКАВ КОКАИН И НЕ БЕВ КРИМИНАЛЕЦ ЗА

11/04/2026
Македонија

Македонија меѓу земјите со најголемо поскапување на јајцата пред Велигден

11/04/2026
Македонија

ПОВРЕДЕН ПИТ-БУЛ НАЈДЕН ВО БАГАЖНИК, УЧЕСТВУВАЛ ВО БОРБИ Приведени 19-годишник

11/04/2026
Македонија

📷 ПРЕТСЕДАТЕЛКАТА ГИ ВАПЦАШЕ ЈАЈЦАТА Сиљановска-Давкова повика на надеж и

11/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42390
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ПАД ОД КАРПА КАЈ МАРКОВИ КУЛИ Тешко повреден српски државјанин

11/04/2026

Државјанин на Србија се здобил со тешки повреди откако паднал од карпа за време на спортски активности на непристапен терен

СОНЦЕ И ПОТОПЛО ВРЕМЕ Температурите ќе достигнат до 20 степени

11/04/2026

Утре во Македонија времето ќе биде сончево и потопло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер

3 ЛИЦА СЕ УАПСЕНИ, ПРИЈАВЕНИ СЕ ШЕСТ ИНЦИДЕНТИ Нов бран на семејно насилство во земјата

11/04/2026

Три лица се уапсени, а вкупно шест случаи на семејно насилство се пријавени во последните 24 часа во Штип, Куманово,

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy