Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Во Македонија отворена најголемата фотоцентрала на Балканот, сопственик е „АТС Гроуп“
Економија

Во Македонија отворена најголемата фотоцентрала на Балканот, сопственик е „АТС Гроуп“

29/09/2023

AA

Денеска беше отворена фотоволтаична централа „ФЕЦ Новаци”, инаку најголема во Македонија и воопшто на Балканот. Моќноста изнесува 55 мегавати, а преку „Меј Енерџи“ краен сопственик е „АТС Гроуп“ една од најголемите компании отворени како нови инвестиции во последно време во земјата.

Сопственик на „АТС Гроуп“ е бизнисменот повратник Шефкет Демировски, чие семејство живее во Истанбул, а неговата фабрика во Македонија, инаку една од најголемите по приходи и извоз, произведува воена опрема по НАТО-стандарди, најмногу за потребите на Турција.

Премиерот Димитар Ковачевски најави дека оваа компанија е со површина од 57 хектари и во рок од една година ќе произведува енергија од 85 илјади мегавати на час.

„Не случајно не викаат земја на сонцето – затоа што сме земја на сонцето. Јас бев еден од првите што зборуваше за производство на електрична енергија и потрошив многу време во истражување и учење и она што можам да ви го кажам сега е ова – 85.000 мегавати на час енергија. Убеден сум дека оваа фотоволтаична централа ќе обезбеди 20-25% повеќе електрична енергија бидејќи соларната енергија кај нас е најдобра во светот“, рече Ковачевски.

Министерот за економија Крешник Бектеши рече дека наскоро земјата ќе произведува енергија за потребите на регионот, а не само за нашата земја.

„Имаше многу скептици во тоа дека зелената агенда не може да се спроведе кај нас, некој дури се смееше кога се промовираше зелената агенда. Денес зборуваме за над 50 енергија од сонце до 2040 година. Ова се конкретни резултати и би сакал уште еднаш да им честитам на инвеститорите“, нагласи Бектеши.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

1621 сообраќаен прекршок за три дена, 43 лица приведени

27/08/2026
Македонија

Се мие и дезинфицира просторот околу контејнерите низ Скопје

27/08/2026
Македонија

Над 90 илјади невработени во Македонија, над 100 илјади пак

26/08/2026
Македонија

Николоски: Скопје – Блаце се гради на исклучително тежок терен,

26/08/2026
Македонија

19 пожари низ Македонија, се уште активни се 5

26/08/2026
Македонија

Нови правила на скопскиот аеродром: Пред терминалот ќе можете да

26/08/2026
Македонија

Западнонилска треска: Со еден клик проверете каде е најризично во

26/08/2026
Македонија

Пронајдено тело на 83-годишен скопјанец во реката Вардар

26/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45278
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

1621 сообраќаен прекршок за три дена, 43 лица приведени

27/08/2026

Во текот на изминатите три дена (24/25/26.08.2026) како резултат на редовните сообраќајни контроли што ги реализираат полициските службеници од сите

Се мие и дезинфицира просторот околу контејнерите низ Скопје

27/08/2026

ЈП „Комунална хигиена“-Скопје продолжува со секојдневно одржување на хигиената околу садовите за одлагање комунален отпад, при што екипите рачно ги

Над 90 илјади невработени во Македонија, над 100 илјади пак работат во сивата економија

26/08/2026

Над 90 илјади работоспособни граѓани во Северна Македонија се водат како невработени. Според Државниот завод за статистика, стапката на невработеност

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy