Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Во која тетовска компанија директорот го зголеми бројот на негови акции за 85 отсто?
Економија

Во која тетовска компанија директорот го зголеми бројот на негови акции за 85 отсто?

28/11/2024

AA

Извршниот директор на „Жито Полог“ по августовската „голема преселба на инвесторите“ ја презеде раководната позиција во тетовската компанија и за четири месеци стекна 1,33 отсто од сите акции со право на глас

Сашо Босилков, извршниот директор на тетовски „Жито Полог“ го зголеми за 85 отсто бројот на акциите што ги поседува во таа прехранбена индсутрија, потврди Македонската берза.

Имено Босилков докупи 343 акции со право на глас во „Жито Полог“ и сега вкупниот број на акции што ги поседува во таа компанија учествува со 1,33 отсто во сите акции со право на глас.

Со оглед на последната пазарна цена на акцијата на „Жито Полог“ која изнесувала 3.000 денари, Босилков платил околу 17.000 евра.

Според расположливите податоци Босилков во „Жито Полог“ оди од позицијата менаџер за продажба во големата приватна млекарница „Здравје“ од Радово. Таму поминал повеќе од пет години. Претходно од 1993 година па до 2018 година Босилков работел на различни позиции во „Орка спорт“.

Првите акции во „Жито Полог“ Босилков ги купил во август годинава и станува збор за 403 акции со право на глас.

Претходното негово искуство со „Жито Полог“ е како неизвршен член на Одборот на директори на таа компанија.

Најголеми акционери во „Жито Полог“ се здравствената компанија „Нефроплус“ која поседува 24,98 отсто исто како и Тони Јосифовски.

Трет најголем акционер е „Лид комуникешјнс“ маркетинг компанија од Скопје која поседува 12,51 отсто од акциите. Следува Ненад Јосифовиќ со 12,47 отсто од акците.

Вреди да се истакне дека во сопствен откуп „Жито Полог“ чува 20,6 отсто од гласачките права. Тоа значи дека тие 20,6 отсто од сите акции се стерилизирани и немаат право на глас ниту носат право на дивиденда.

Директорот Босилков поседува 1,33 отсто од акциите, а околу 3 отсто од акциите поседуваат 26 домашни физички лица.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

НА ПРЕБЕГАНАТА ИВА МИХАИЛОВА ЌЕ Ѝ СЕ СУДИ ВО ОТСУСТВО

22/10/2026
Македонија

ДВЕ КУМАНОВКИ ВО ИЗМАМА СО БРЗИ КРЕДИТИ ВРЕДНА 190.000 ЕВРА

22/10/2026
Македонија

ВЛАДАТА ОТПЛАТИЛА РЕЧИСИ 3 ПАТИ ПОВЕЌЕ ДОЛГ ОД ПРЕТХОДНАТА ЗА

22/10/2026
Македонија

📽️ АВТОПАТОТ КИЧЕВО – ОХРИД СЕ ПРИБЛИЖУВА КОН ЗАВРШНИЦАТА Николоски

22/10/2026
Македонија

Македонците потрошиле 1,4 милиони евра на OnlyFans за една година

22/10/2026
Македонија

ПРЕКУ БРВЕНИЦА АХМЕТИ СЕ ОБИДУВА ДА СЕ ВРАТИ НА ПОЛИТИЧКАТА

21/10/2026
Македонија

ПРЕКУ БРВЕНИЦА АХМЕТИ СЕ ОБИДУВА ДА СЕ ВРАТИ НА ПОЛИТИЧКАТА

21/10/2026
Македонија

ОТФРЕНА ИНИЦИЈАТИВАТА НА СДСМ ЗА ПОЛИТИКИТЕ КОН НЕЛЕГАЛНАТА МИГРАЦИЈА Уставниот

21/10/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46308
  • Регион 3997
  • Свет 16
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

НА ПРЕБЕГАНАТА ИВА МИХАИЛОВА ЌЕ Ѝ СЕ СУДИ ВО ОТСУСТВО Обвинителството потврди дека постапката продолжува

22/10/2026

На пребеганата Ива Михаилова, која на 11 октомври замина во Бугарија и покрај судските мерки за претпазливост, ќе ѝ се

ДВЕ КУМАНОВКИ ВО ИЗМАМА СО БРЗИ КРЕДИТИ ВРЕДНА 190.000 ЕВРА Петмина банкари им го отвориле

22/10/2026

Две жени од Куманово и 5 банкарски службеници добија кривични пријави поради сомнение за измама со брзи потрошувачки кредити, злоупотреба

ВЛАДАТА ОТПЛАТИЛА РЕЧИСИ 3 ПАТИ ПОВЕЌЕ ДОЛГ ОД ПРЕТХОДНАТА ЗА ИСТ ПЕРИОД Разликата во вратени

22/10/2026

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ во првите 2 години од мандатот отплатила 2,31 милијарди евра главнина од државниот долг, наспроти 806

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy