Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ВО КИЧЕВО ЌЕ СЕ ПРОИЗВЕДУВААТ ЕЛЕКТРИЧНИ БАТЕРИИ ЗА АВТОМОБИЛИ – Потпишан договор за инвестиција тешка 40 милиони евра (Фото)
Економија

ВО КИЧЕВО ЌЕ СЕ ПРОИЗВЕДУВААТ ЕЛЕКТРИЧНИ БАТЕРИИ ЗА АВТОМОБИЛИ – Потпишан договор за инвестиција тешка 40 милиони евра (Фото)

22/05/2023

AA

Во ТИРЗ Кичево следната година стартува инвестицијата на „Avesta Battery and Energy Engineering“ (ABEE) во изградба на фабрика за електрични батерии за автомобили.

Договорот за инвестицијата  во вкупна вредност од 40 милиони евра со која ќе бидат отворени 600 работни места,  го потпишаа денеска министерот за економија Крешник Бектеши и директорот на Дирекцијата на ТИРЗ Јован Деспотовски.

Инвестицијата во првата фаза ќе изнесува 10 милиони евра, со вработување на 200 лица. Просечната  бруто плата ќе изнесува 1500 евра. Плановите на инвеститорот се фабриката да биде оперативна во 2025 година. 

Инвестицијата, посочи Деспотовски, има голема додадена вредност.

– Се очекува државната помош што ќе и се даде на компанијата да се врати за четир-пет години само по основ на придонеси – рече Деспотовски. 

Како што соопшти министерот Бектеши,  за инвестицијата е избрана Општина Кичево затоа што во овој дел има висококвалификуван кадар  од ТЕЦ Осломеј кој ќе  е транформира во гасна централа. 

Бектеши и Деспотовски се дел од делегацијата што во Брисел ја предводи претседателот на државата Стево Пендаровски, кој денеска заедно со нив ќе присуствува на бизнис форум во Антверпен каде пред белгиски компании ќе бидат претставени можностите за инвестирање во Северна Македонија. Покрај ова, утре во Брисел ќе се одржи уште еден бизнис форум.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Полицијата уапси возач од Арачиново кој избегал без да помогне

08/08/2026
Македонија

Во Албанија се запали комбе со македонски регистарски таблички што

08/08/2026
Македонија

Се обновува патот од Првата светска војна на Пелистер, ќе

08/08/2026
Македонија

До кога ќе ги малтретирате граѓаните со километарски колони? ЛДП

08/08/2026
Македонија

25 години од Карпалак, најбројниот масакар во воениот конфликт во 2001г.

08/08/2026
Македонија

Андоновски: Националниот дата-центар ќе биде со капацитет под 1 MW,

07/08/2026
Македонија

Изгоре противпожарно возило во Струга, повредени двајца пожарникари

07/08/2026
Македонија

Портокалова фаза низ целата држава: Утре не чека пекол со

07/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44914
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Полицијата уапси возач од Арачиново кој избегал без да помогне во несреќата кај Радишани, во

08/08/2026

Во Албанија се запали комбе со македонски регистарски таблички што превезувало пилиња

08/08/2026

Комбе со македонски регистарски таблички се запали утрово во близина на патот што води кон Кемиштај, кај Лушња, Албанија. Возилото

Се обновува патот од Првата светска војна на Пелистер, ќе ги поврзе Големото Езеро и

08/08/2026

Стариот земјен пат на Пелистер, кој потекнува од периодот на Првата светска војна, треба повторно да биде ставен во функција

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy