Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ВО ИГРА ЗА ФЕНИ ВЛЕГУВА И МОЌНА ТУРСКА КОМПАНИЈА – еве зошто би било добро таа да го купи комбинатот – УШТЕ Е АКТУЕЛЕН И КАВАДАРЕЧКИ БИЗНИСМЕН
Економија

ВО ИГРА ЗА ФЕНИ ВЛЕГУВА И МОЌНА ТУРСКА КОМПАНИЈА – еве зошто би било добро таа да го купи комбинатот – УШТЕ Е АКТУЕЛЕН И КАВАДАРЕЧКИ БИЗНИСМЕН

14/12/2023

AA

Турската компанија Јилдирим е заинтересирана за купување на комбинатот за
никел Еуроникел индустри, а поранешен ФЕНИ, кој во моментов е во сопственост на
Комерцијална банка, дознава Фактор од свои извори.

Според нашите информации, таа компанија е еден од потенцијалните субјекти
за купување на комбинатот, покрај неколку други, меѓу кои и кавадеречката
компанија ИГМ Трејд на бизнисменот Илија Гечев.

Некои познавачи на состјбите со кои разовараше Фактор сметаат дека за
Еуроникел би било многу добро доколку Јилдирим се јави како нивни купувач,
бидејќи станува збор за голема и моќна компанија која располага со различни видови
на дејности, и токму поради својата разноликост и финансиска сила би била добар
газда на поранешен ФЕНИ, со оглед на тоа што ќе има моќ да ја одржува компанијата дури и во
време кога не би била поволна коњуктурата на никелот на светските берзи.

Се разбира, ова не ги исклучува и другите играчи кои се заинтересирани за
купување на комбинатот, доколку имаат интерес и доколку се подготвени да ја
платат сумата од околу 38 милиони евра, под кои цената не би можела да се
спушти.

Во меѓувреме банката ќе мора да го финансира одржувањето на топла печката
на комбинатот, бидејќи доколку таа се угаси, трошоците за повторно покренување
би изнесувале меѓу 6 и 10 милиони евра. Одржаувањето на печката во топла
состојба, пак, предизвикува трошоци за електрична енергија од околу 200 илјади
евра месечно според сегашните цени на струјата, говорат нашите извори.

Инаку, на веб страницата на Јилдирим груп може да се најде дека нејзините
основи датираат од 1963 година, кога покојниот Гарип ЈИЛДИРИМ
основал скромна компанија за трговија со градежен материјал наречена GARIP
YILDIRIM & SONS во Самсун, Турција. Од своето основање, Групацијата
континуирано го проширува својот фокус преку нови подружници, преку претприемништво и постојани иновации,
еволуирајќи во индустриски разновидна група на компании, како и во една од
најбрзо растечките турски индустриски групи. 
Втората генерација е активна
во работењето на Компанијата од 1995 година. Групацијата ЈИЛДИРИМ е бизнис во
семејна сопственост, 100 отсто
држен приватно и управуван од браќата Али Риза и Роберт Јуксел ЈИЛДИРИМ.

Од 2008 година, кога
YILDIRIM Group го направи своето прво меѓународно преземање во Шведска,
Групацијата прерасна во глобална сила со седиште во Истанбул, Турција, со
операции во 9 сектори во 56 земји на 5 континенти. Групацијата на компании
ЈИЛДИРИМ вработува повеќе од 25.000 луѓе ширум светот.

Еве со кои се дејности располага Јилдирим.

Основан во 2014 година, ЈИЛМАДЕН Холдинг е оддел за метали и рударство на
ЈИЛДИРИМ Групацијата. Работејќи низ деловни единици лоцирани во седум различни
земји, целта на YILMADEN е да извлече вредни минерали за да ги претвори во
феролегури, хром метали и хемикалии. Со текот на годините, YILMADEN го
консолидираше своето лидерство на пазарот, растејќи за да стане вториот
најголем светски производител на висококвалитетен јаглероден ферохром и
четвртиот глобален играч во индустријата за хром, се вели на веб страницата на компанијата.

YILDIRIM Group влезе во индустријата за управување со пристаништа откако
YILPORT Container Terminal & Port Operation Inc. беше основана во 2005
година. Од своето основање, YILPORT Holding работи кон својата цел да создаде
светски, повеќенаменски капацитети на меѓународно ниво и да го направи тоа во
првите 10 глобални пристанишни оператори до 2025 година. YILPORT е прогласен за
11-ти најголем меѓународен терминален оператор во светот на рангирањето на
Drewry за 2022 година.

Откако го направи својот прв чекор во ѓубривата и хемиската индустрија во
2004 година, YILFERT Holding порасна и стана најголемиот производител на
ѓубрива CAN и амонијак во Турција и трет по големина трговец со ѓубрива и
хемикалии во Турција.

Групацијата ЈИЛДИРИМ првпат влезе во енергетската индустрија во 2010
година. Сега, енергетските инвестиции на Групацијата ги спроведува нејзиниот
посветен оддел, ЈИЛДИРИМ Енерџи. Користејќи ги своите ресурси и нејзините
технички и финансиски средства, компанијата обезбедува услуги во различни
области како што се градежништво, инженерство и консултантски услуги,
управување со проекти, производство на електрична енергија, операции на
електрани и трговија со енергија. YILDIRIM Energy, исто така, има амбициозни
планови за производство на нови соларни електрани и за изградба на проекти за
ветерна и геотермална енергија на своите пазари, додека има за цел да достигне
капацитет за производство на енергија од 3 GW до 2030 година.

ЈИЛМАР Холдинг е основан во 2000 година за да ги задоволи логистичките
потреби на Групацијата и работи како активна транспортна компанија која ги
интегрира услугите за сопственост, управување со бродови, чартерирање и
посредување со бродови.

Групата на компании ЈИЛДИРИМ се ангажира во ризичен капитал, приватни
капитални и финансиски инвестициски активности заедно со индустриски и трговски
иницијативи од 2010 година како дел од нејзиниот постојано растечки глобален
моментум кон раст.

Инаку, во јуни 2022 година, Јилдирим груп потпиша
договор за купување на NevCo Ferroniceli, еден од најголемите производители на
железо и никел во Европа, објавија
тогаш косовски медиуми. Сите акции на „Ново Предузеќе Фероникл“ дотогаш беа во сопственост на групацијата
Балфин. Таа фабрика е важен стратегиски адут за Република Косово,
со тежина за државата и со големо влијание врз макроекономијата. Основана е во 1984 година како државно
претпријатие, со комплекс кој вклучува фабрика за никел на две линии, како и
богати минерални резерви под околината. Според тогашните пишувања на косовските медиуми, Јилдирим
имале посебен интерес да
се вклучат во Фероничели, бидејќи имале конкретен бизнис план за зголемување на
активностите во областа на металите и рударството, за изградба на една од
најдобрите компании во Европа за производство на никел.

„Предложениот
бизнис план ќе ја трансформира „Фероничели“ во
една од највредните фабрики на групацијата Јулдирим“, се наведуваше во соопштението.

Инаку, според Агенцијата за приватизација на Косово, Фероничели е
најголемата приватна инвестиција во тешката индустрија во Косово. Компанијата
вработува 900 работници како и над 250 преку различни изведувачи. Произведува над 6.000 тони руда месечно и
учествува во над 50 отсто од
вкупниот извоз на Косово.

Инаку, Комерцијална банка завчера објави дека го стекнала комбинатот за сума од близу 38 милиони евра. Комерцијална банка беше главен доверител на поранешен ФЕНИ, кој се соочуваше
со големи проблеми во работењето, а беше принуден и да го стопира процесот на
производство и да ја одржува само топла
печката. На
основа на побарувањата кои Комерцијална банка ги имаше кон ФЕНИ и врз основа на
проценетата вредност на комбинатот, Комерцијална банка го покрена извршувањето
и завчера го објави на лицитација
имотот на ФЕНИ. Бидејќи, како што велат нашите извори, никој не се јавил
на лицитацијата, Комерцијална банка практично се стекна со овој комбинат,
односно го презема во своја сопственост. 
Од банката велат дека секако ќе го продаваат комбинатот, за кој
има интерес од неколку субјекти, и од домашни и од странски компании, а дел од нив веќе биле и во посета
на комбинатот, со цел да видат каква е неговата состојба и дали би се исплатело
да инвестираат во негово заживување.

Инаку, претседателот на синдикалната организација на Еуроникел индустри, Миле Ѓорѓиев,
вчера изјави дека од претставници на банката на работниците им било кажано дека двете
страни имаат заеднички интерес најодговорно да се чува имотот на ФЕНИ. Банката била во сериозни преговори со заинтересиран инвеститор кој во секој
момент треба да даде одговор за преземање на фабриката, како и дека банката
прави напори да се врати ДДВ со цел да се земе октомвриската плата. Исто така било кажано дека доколку
наскоро не добие банката позитивен одговор за преземање од страна на
инвеститор, нејзе и се потребни околу 40-тина луѓе за понатамошно одржување на
имотот. Затоа писмено побарале
одговор, што со останатите вработени ако не се најде инвеститор. 
Според
него, вработените немаат земено плата за октомври и
ноември 2023 година, а од декември 2023 година немаат ниту здраствено
осигурување.

Нина
Нинеска-Фиданоска

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ПАД ОД КАРПА КАЈ МАРКОВИ КУЛИ Тешко повреден српски државјанин

11/04/2026
Македонија

СОНЦЕ И ПОТОПЛО ВРЕМЕ Температурите ќе достигнат до 20 степени

11/04/2026
Македонија

3 ЛИЦА СЕ УАПСЕНИ, ПРИЈАВЕНИ СЕ ШЕСТ ИНЦИДЕНТИ Нов бран

11/04/2026
Македонија

ПРИТИСОК ВРЗ СОФИЈА ЗА НЕПРАВДАТА КОН МАКЕДОНЦИТЕ Во рок од

11/04/2026
Македонија

📷 📽️ НЕ ШМРКАВ КОКАИН И НЕ БЕВ КРИМИНАЛЕЦ ЗА

11/04/2026
Македонија

Македонија меѓу земјите со најголемо поскапување на јајцата пред Велигден

11/04/2026
Македонија

ПОВРЕДЕН ПИТ-БУЛ НАЈДЕН ВО БАГАЖНИК, УЧЕСТВУВАЛ ВО БОРБИ Приведени 19-годишник

11/04/2026
Македонија

📷 ПРЕТСЕДАТЕЛКАТА ГИ ВАПЦАШЕ ЈАЈЦАТА Сиљановска-Давкова повика на надеж и

11/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42390
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ПАД ОД КАРПА КАЈ МАРКОВИ КУЛИ Тешко повреден српски државјанин

11/04/2026

Државјанин на Србија се здобил со тешки повреди откако паднал од карпа за време на спортски активности на непристапен терен

СОНЦЕ И ПОТОПЛО ВРЕМЕ Температурите ќе достигнат до 20 степени

11/04/2026

Утре во Македонија времето ќе биде сончево и потопло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер

3 ЛИЦА СЕ УАПСЕНИ, ПРИЈАВЕНИ СЕ ШЕСТ ИНЦИДЕНТИ Нов бран на семејно насилство во земјата

11/04/2026

Три лица се уапсени, а вкупно шест случаи на семејно насилство се пријавени во последните 24 часа во Штип, Куманово,

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy