
Во Египет се преврте автобус: Најмалку 12 загинати, над 30 повредени!
Најмалку 12 лица загинаа денеска, а 33 се повредени при превртување на автобус на автопатот меѓу Каиро и брегот на Црвеното Море, соопшти египетското Министерство за здравство. На местото на несреќата се испратени 28 возила на брза помош, соопшти Министерството, пренесе Ројтерс. Несреќата се случила на автопатот Ал Галала.