Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Во две одделни сообраќајки повредени тројца малолетници
Магазин

Во две одделни сообраќајки повредени тројца малолетници

31/07/2024

AA

Во денешниот полициски билтен нотирани се повеќе сообраќајни незгоди, а во две од нив настрадале и тројца малолетници.

Во 20.15 часот во вторникот, во Полициската станица Струмица било пријавено дека на крстосницата од ул.„Гоце Делчев“, ул.„Маршал Тито“, ул.„Белградска“ и ул.„Ѓуро Ѓаковиќ“ во Струмица се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „мерцедес“ со струмички регистарски ознаки, управувано од В.Д.(62) од Струмица и мопед со струмички регистарски ознаки, управуван од малолетник од Струмица. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот кој го управувал мопедот, а со телесни повреди се здобил малолетен сопатник на мопедот. Повредите биле констатирани во Медицински центар Струмица, а увид на местото извршила екипа на Полициската станица Струмица.

Во неделата пак, во 12.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Ѓорче Петров“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“ со штипски регистарски ознаки, управувано од Р.П.(39) од Штип и патничко возило „мерцедес“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од З.М.(60) од село Теарце, тетовско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила малолетна сопатничка од возилото „мерцедес“, а со телесни повреди се здобиле возачот З.М. и уште една негова малолетна сопатничка, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

 

 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Страшна несреќа во скопско, се судрија две возила – едно

17/02/2026
Македонија

ГИ ПОЗНАВАМЕ СИТЕ КАНДИДАТИ ЗА ДРЖАВЕН ОБВИНИТЕЛ И НЕМАШЕ ПОТРЕБА

17/02/2026
Македонија

Внимавајте: Врне снег на Пониква и на патниот правец Штип-Неготино

17/02/2026
Македонија

НАСЕР СЕЛМАНИ ВИНОВЕН ЗА КЛЕВЕТА И НАВРЕДА НА КАНАЛ 5

17/02/2026
Македонија

Панчевски со документ ја демантира одлуката на Советот на обвинители:

17/02/2026
Македонија

„НE СМЕ БЕЗНАДЕЖЕН СЛУЧАЈ“ Костадиновски смета дека „Сејф сити“ има

17/02/2026
Македонија

Уставен со 4 предмети за „Сејф сити“ – Костадиновски: Проектот

17/02/2026
Македонија

Оштетени возила: Падна дрво во близина на средното економско училиште во

17/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41583
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Страшна несреќа во скопско, се судрија две возила – едно лице загина!

17/02/2026

На 17.02.2026 година во 15:57 часот од Итна медицинска помош во СВР Скопје е пријавено дека на стариот пат за

ГИ ПОЗНАВАМЕ СИТЕ КАНДИДАТИ ЗА ДРЖАВЕН ОБВИНИТЕЛ И НЕМАШЕ ПОТРЕБА ОД ИНТЕРВЈУ Според Бесими сите

17/02/2026

Советот на јавните обвинители денеска даде позитивно мислење за четворица од петте кандидати за државен јавен обвинител. Позитивно мислење добија

Внимавајте: Врне снег на Пониква и на патниот правец Штип-Неготино

17/02/2026

АМСМ информира дека сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози. Како што велат, врнежи од

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy