Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Во детска градинка со денови исчезнувале чевли, фатен крадец на четири нозе
Магазин

Во детска градинка со денови исчезнувале чевли, фатен крадец на четири нозе

19/11/2024

AA

Необична приказна почнува со вистинска мистерија. Во градинка во југозападна Јапонија почнале да исчезнуваат детски чевли, а крадецот не оставил никакви траги.

Надлежните не можеле да разберат зошто зел единечни обувки, а не еден пар, па решиле да постават камери за надзор во ходниците.

Не чекале долго. Чевел исчезнал ноќта помеѓу 11 и 12 ноември. Тие веднаш ја прегледале снимката верувајќи дека крадецот е на неа.

На нивно изненадување, виновникот немал две, туку четири нозе, како и портокалово крзно и остри канџи!

Се утврдило дека во градинката упаднала ласица, а нејзината последна акција траела само 10 секунди, пренесува „Гардијан“.

Локалните медиуми јавуваат дека директорката на градинката повикала полиција на почетокот на ноември по исчезнувањето 15 чевли. Следниот ден украдени се уште три, а другите биле расфрлани на подот.

„Бевме многу загрижени, но ни олесна кога сфативме дека се работи за ласица“, велат вработените.

Професорот Хироши Сасаки од Универзитетот „Чикуши Јогакуен“ верува дека животното, најверојатно, имало потомство и користело чевли за да го обложи гнездото пред зимата.

Останува непознато каде се тие, а од градинката најавуваат дека сега како превентивна мерка ги покриваат полиците со чевли во ноќните часови.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

18 илјади вработени во основните училишта без јануарска плата, законските

17/02/2026
Македонија

КОСТАДИНОВСКИ БИЛ СОВЕТНИК НА ТРОЈЦА ПРЕТСЕДАТЕЛИ Не гледа ништо спорно

17/02/2026
Македонија

„Трпението е при крај“: До крај на февруари минимална плата

17/02/2026
Македонија

Тешко повреден 18-годишен пешак во Пробиштип

17/02/2026
Македонија

Владата ги прифати измените во градежниот сектор: Оптичките кабли и

17/02/2026
Македонија

ПОДЗЕМНАТА ИНФРАСТРУКТУРА ЌЕ СЕ ВПИШЕ ВО КАТАСТАР Ќе се регулира

17/02/2026
Македонија

Советот го отстрани Панчевски од трката за државен јавен обвинител

17/02/2026
Македонија

Владата тврди: Нема злоупотреба на владиниот авион

17/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41571
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

18 илјади вработени во основните училишта без јануарска плата, законските рокови поминати!

17/02/2026

Речиси 18.000 вработени во основното образование сè уште ја чекаат јануарската плата, иако законските рокови за исплата се веќе поминати.

КОСТАДИНОВСКИ БИЛ СОВЕТНИК НА ТРОЈЦА ПРЕТСЕДАТЕЛИ Не гледа ништо спорно советник на премиерот да стане

17/02/2026

Нема ништо спорно во предлогот професорот Гоце Наумовски да биде нов уставен судија, зашто бил советник на премиерот, смета претседателот

„Трпението е при крај“: До крај на февруари минимална плата од 600 евра или генерален

17/02/2026

Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) денеска ја заокружи серијата блокади со протест пред Владата, упатувајќи јасен ултиматум: доколку до

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy