Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ВО ЧЕСТ НА ИЛИНДЕН: Планинари изодија 42 километри од Бошавска трансверзала
Македонија

ВО ЧЕСТ НА ИЛИНДЕН: Планинари изодија 42 километри од Бошавска трансверзала

30/07/2023

AA

Повеќемина планинари вчера изодија 42 километри од Бошавска трансверзала, во чест на празникот Илинден. Ним им се приклучија и неколкумина велосипедисти. Планинарот Дарко Најдов, организатор на акцијата, денеска информираше дека целта е промоција на здравиот начин на живот, алтернативниот туризам и убавините на Бошавијата, во пазувите на Кожуф планина.

Тој нагласи дека со старт од детското одмаралиште Михајлово и финиш во село Горна Бошава, Бошавската трансверзала се вбројува во една од најдолгите планинарски тури што се организираат во државата.

– Илинден е голем македонски празник, кога се потсетуваме на историското Илинденско востание. Истовремено, на верскиот празник Свети Илија е селска слава во кавадаречките села Горна и Долна Бошава. Сакајќи да го одбележиме значењето на Илинден во свеста на нашиот народ, по вторпат беше изодена оваа трансверзала, настан за кој се надеваме дека ќе стане традиција. Ги искачивме врвовите на Кожуф, Дудица, Порта и Греда, во срцето на планината. Падините, реките, шумите и чистиот планински воздух измешан со континентална и медитеранска клима, никого не оставаат рамнодушен. Затоа е убаво да се доживее природата во овој еколошки крај, нагласи Најдов за МИА.

Тој додаде дека радува на фактот што расте бројот на лицата кои сакаат да престојуваат во природа, а зголемен е интересот кај младите, за вакви и слични активности. Истовремено, се заблагодари на компаниите што поддржуваат планинарски акции.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

📽️ ГЛИНЕНИ ГУЛАБИ ОД МАКЕДОНИЈА ЗА СРПСКОТО ПОДЗЕМЈЕ Најмалку 16

28/09/2026
Македонија

СЕРИСКИОТ УБИЕЦ ОД СТАРО НАГОРИЧАНЕ ПРИЗНА ДВЕ УБИСТВА, ЗА ДВЕ

28/09/2026
Македонија

ИЗЛЕТАЛ СО КАМИОН ОД ПАТОТ И ЗАГИНАЛ Тешка сообраќајна несреќа

28/09/2026
Македонија

ТЕЛЕКОМ СВИКА РОДИТЕЛСКА СРЕДБА Темата беше заштита од врсничко насилство

28/09/2026
Македонија

ЈАВНОСТА СВЕДОЧИ НА РАСПАД ВО ЖИВО НА СДСМ Владејачката ВМРО-ДПМНЕ

28/09/2026
Македонија

ДРЖАВАТА ГИ СЛУШНА ЛИЦАТА СО ОШТЕТЕН СЛУХ Изработи прирачник за

28/09/2026
Македонија

ПОЧИНА 70-ГОДИШЕН МАЖ ОД АЕРОДРОМ ОД ЗАПАДНОНИЛСКА ТРЕСКА Десетта жртва

28/09/2026
Македонија

ДВАЈЦА БЕСНЕЕЛЕ ВО КАЗИНО, НЕКОЛКУ ГОСТИ ЗАВРШИЈА НА КЛИНИКА Гаѓале

28/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45851
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

📽️ ГЛИНЕНИ ГУЛАБИ ОД МАКЕДОНИЈА ЗА СРПСКОТО ПОДЗЕМЈЕ Најмалку 16 млади Македонци заминале во Србија,

28/09/2026

Најмалку 16 млади момчиња од Македонија досега биле идентификувани како лица кои заминале во Србија и биле вовлечени во активности

СЕРИСКИОТ УБИЕЦ ОД СТАРО НАГОРИЧАНЕ ПРИЗНА ДВЕ УБИСТВА, ЗА ДВЕ ДАВАШЕ РАЗЛИЧНИ ОДГОВОРИ Вештакот тврди

28/09/2026

Во Основниот суд Куманово, денеска продолжи судењето против Трајче Бојковски, од општина Старо Нагричане, обвинет за четири убиства на жени

ИЗЛЕТАЛ СО КАМИОН ОД ПАТОТ И ЗАГИНАЛ Тешка сообраќајна несреќа на патот Струмица-Радовиш

28/09/2026

Едно лице го загуби животот во тешка сообраќајна несреќа што се случи денеска на магистралниот пат Струмица–Радовиш, на делницата меѓу

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy