
Во близина на Венеција се преврте автобус со туристи, неколку повредени!
Во италијанскиот град Сан Дона ди Пиаве, недалеку од Венеција утрово се преврте автобус со туристи од Босна и Херцеговина, а во таа прилика полесно се повредени 10 лица, јавуваат медиумите во Босна и Херцеговина.
Во моментот на несреќата во автобусот имало 79 лица, меѓу кои и двајцата возачи. По превртувањето интервенирале пожарникарите и ги извлекле сите патници, а акцијата за спасување завршила утрово околу осум и триесет.
По несреќата 10 лица се повредени, но само полесно. Им помогнал медицинскиот персонал, кој пристигнал со бројни амбулантни возила и потоа ги префрлил во итната медицинска помош во Џезол, пренесува Кликс.

