Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ВО 2025 ГОДИНА ЌЕ ПИЕМЕ ПОСКАПО КАФЕ: Бразил се соочи со најголемата суша во последните 70 години
Економија

ВО 2025 ГОДИНА ЌЕ ПИЕМЕ ПОСКАПО КАФЕ: Бразил се соочи со најголемата суша во последните 70 години

11/12/2024

AA

Цените на кафето во светот се зголемуваат. 

Цената на зрното арабика, на која отпаѓа најголемиот дел од светското производство, вчера беше 3,44 долари за половина килограм, откако порасна за повеќе од 80 отсто оваа година. Вредноста на зрното робуста достигна рекорден раст во септември.

Трговците со кафе очекуваат приносите да се намалат поради лошото време во двата најголеми светски производители Бразил и Виетнам и зголемената потрошувачка. Еден експерт изјави дека брендовите за кафе планираат да излезат со нови цени во новата година.

„Додека во последниве години големите производители на кафе беа во можност да ги апсорбираат зголемувањата на цените за да ги одржат потрошувачите задоволни и да го задржат уделот на пазарот, се чини дека тоа ќе се промени. Брендовите претходно врз себе го преземаа ударот од повисоките цени на суровините. Но, во моментов, тие се на пресвртна точка. Многу од нив размислуваат за зголемување на цените во супермаркетите во првиот квартал од 2025“, изјави Вин Нгуен, извршен директор на „Туан лок комодитис“.

Последните рекордно високи цени на кафето беа поставени во 1977 откако невообичаено обилните врнежи ги уништија плантажите во Бразил.

„Загриженоста за родот во Бразил во 2025 е главниот двигател. Земјата се соочи со најголемата суша во последните 70 години во август и септември, по што следеа силни дождови во октомври“, изјави Оле Хансен, шефот за стратегија за суровини во „Саксо банк“.

Кафето е втората најтргувана стока во светот по волумен, по суровата нафта. Така потрошувачката во Кина е повеќе од двојно зголемена во последната деценија.

foto freepik.com

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

СО МЕЃУСЕБНА ПОЧИТ ДА ЈА ГРАДИМЕ ДРЖАВАТА КАКВА ШТО ЈА

12/04/2026
Македонија

Јовановиќ: Доаѓа нов ценовен удар – Македонија ќе го почувствува

12/04/2026
Македонија

СОБРАНИСКА ДЕЛЕГАЦИЈА НА ИЗБОРИТЕ ВО УНГАРИЈА Зајкова и Муса се

12/04/2026
Македонија

Ковачевски: Инфлацијата го јаде стандардот, Владата доцни со мерки

12/04/2026
Македонија

Димовски: Раст во ТИРЗ и покрај кризата, нови инвестиции и

12/04/2026
Македонија

Една одлука – повеќе спасени животи: Eве што носат измените

12/04/2026
Македонија

Сѐ помалку основци, благо зголемување кај средношколците

12/04/2026
Македонија

Тивок раст на цените во угостителството

12/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42400
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

СО МЕЃУСЕБНА ПОЧИТ ДА ЈА ГРАДИМЕ ДРЖАВАТА КАКВА ШТО ЈА ЗАСЛУЖУВАМЕ Велигденска порака за единство

12/04/2026

Премиерот Христијан Мицкоски упати честитка по повод најголемиот христијански празник Велигден, посакувајќи здравје, мир и благосостојба во секој дом. „Велигден

Јовановиќ: Доаѓа нов ценовен удар – Македонија ќе го почувствува најсилно

12/04/2026

Економистот Бранимир Јовановиќ од Виенскиот институт за меѓународни економски студии предупредува дека македонската економија се соочува со сериозни ризици од

СОБРАНИСКА ДЕЛЕГАЦИЈА НА ИЗБОРИТЕ ВО УНГАРИЈА Зајкова и Муса се дел од над 130 парламентарци

12/04/2026

Пратеничките Моника Зајкова, шеф на Делегацијата во Парламентарното собрание на ОБСЕ (ПС на ОБСЕ) и Мимоза Муса, член на Делегацијата,

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy