Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Внукот на Али Ахмети ќе добие 39 отсто од „Соравиа“ само поради претприемачкиот дух
Економија

Внукот на Али Ахмети ќе добие 39 отсто од „Соравиа“ само поради претприемачкиот дух

26/06/2023

AA

Дрин Ахмети, внукот на претседателот на ДУИ, Али Ахмети, денеска пред медиумите рече дека ќе добие 39 отсто од уделот во деловниот објект „Соравиа“ во центарот на Скопје, само поради претприемачкиот дух.

Во структурата на сопственоста, 39 отсто ќе му припаднат на сопственикот на „ТОР Индустрис“, 51 процент ќе добие неговиот  партнер од Албанија, Владимир Пјетерџокај како сопственик на Пе-Вла-Ку од Албанија, а 10 проценти ќе му останат на досегашниот сопственик Хано Соравиа.

Ахмети пред новинарите рече дека за овој удел нема да плати ниту евро, туку дека овој процент од сопственоста ќе му следува само поради претприемачкиот дух.

– Јас ќе го водам деловниот објект „Соравиа“ и затоа добивам 39 отсто. Кредитот кој го подигнавме во висина од 6 милиони евра од албанската банка Крединс Банк за да ја купиме „Соравија“ е на име на господинот Пјетерџокај. Тој таму е акционер и има добра репутација, затоа банката лесно му го одобри задолжувањето. Ова е бизнис и секој бизнис е ризик, затоа ако не оадат работите како што треба, ние ќе може деловната зграда да ја ставиме на продажба, рече Дрин Ахмети.

Ахмети призна дека повеќе живее во странство отколку во Македонија и дека изминатиот период го посетил американскиот Конгрес и дека таму разговарал со претставници на американски компании во обид да ги привлече нивните ликвидни средства во Македонија.

На прес-конференцијата присуствуваше и самиот Пјетерџокај од Албанија, кој беше запрашан од новинарите од каде се познава токму со внукот на лидерот на ДУИ.

– Со Дрин се познавам четири години и за ова време тој е дел од активностите на моите бизниси во Италија. А за тоа дека е внук на Али Ахмети, би рекол дека секој е нечив внук, кажа бизнисменот кој вели дека наскоро ќе вложува во уште еден проект во Македонија.


             Владимир Пјетерџокај на денешната прес-конференција во Скопје

Пјетерџокај не кажа конкретно кои се плановите со „Соравија“, а со продавачот Хано Соравија вели дека се познавале од порано и стекнале меѓусебна доверба.

– Со Соравиа имаме важен проект на албанското крајбрежје во Валона а во Скопје дојдов по друг проект, но кога го видов деловниот центар дека е на поволна локација и дека има енергетска заштита, решив дека може да се инвестира во него, вели тој.

Мнозинскиот сопственик наведе дека во Македонија со Пе-Вла-Ку учествувал на повеќе тендери, вклучувајќи го и патот Скопје – Блаце, но дека никогаш не победил иако секогаш, како што рече, нудел најниска цена.

А.К.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Вработен во Итна помош агресивно се однесувал кон вработени во

10/08/2026
Македонија

Топлотниот бран не попушта: Ова е прогнозата за следните две

10/08/2026
Македонија

Жители на Драчево алармираат: „Од паркингот направија депонија, страшно смрди“

10/08/2026
Македонија

МВР: Селекцијата за полициското училиште е во тек, сите кандидати

10/08/2026
Македонија

Истрагата за загадената вода во Гостивар во напредна фаза, Финансиската

10/08/2026
Македонија

32 пакувања марихуана пронајдени во пратка за затвореник во „Идризово“

10/08/2026
Македонија

Во Драчево граѓаните во паника веднаш бараат лекарска помош по

10/08/2026
Македонија

Ѝ го украле ранецот на 67 годишна пензионерка во Центар,

10/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44951
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Вработен во Итна помош агресивно се однесувал кон вработени во здравствена установа, и им се

10/08/2026

На 09.08.2026 во 19:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека околу 16:50 часот во здравствена установа на подрачјето на

Топлотниот бран не попушта: Ова е прогнозата за следните две недели

10/08/2026

Во следните две недели не очекува претежно сончево и исклучително топло време, со високи дневни температури кои на моменти ќе

Жители на Драчево алармираат: „Од паркингот направија депонија, страшно смрди“

10/08/2026

До редакцијата на 4NEWS.MK се обрати читател од Драчево, кој алармира за сериозен проблем со натрупување отпад на паркинг-просторот спроти

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy