
Внимание: Во Србија на сила стапува нов закон – автомобилот може да ви биде одземен
Денеска почнува имплементацијата на новиот Закон за безбедност во сообраќајот (ЗБС), кој носи големи промени.
Според Дамир Окановиќ од Комитетот за безбедност во сообраќајот, по глобите и затворските казни, како и казнените поени и забраната за возење, овој нов закон ја подигнува репресијата на друго ниво.
Меѓутоа, приведувањето на возилото нема да биде автоматско при првиот таков прекршок. Имено, постапката е таква што кога сообраќаен службеник ќе запре возач кој направил еден од најтешките прекршоци, прво ја проверува евиденцијата за да види дали е претходно казнет за нив, па дали насилникот веќе два пати бил осуден за еден од 18-те најдрастични случаи во период од две години, полицаецот му го одзема возилото. И тогаш, како што објаснуваат од МУП, одземањето на возилото трае до завршување на судскиот спор.
Список на прекршоци поради кои возачите би можеле да ги загубат своите возила:
1. Возење под дејство на алкохол со повеќе од 1,2 промили
2. Одбивање на алкохол-тестирање или тестирање за дрога
3. Надминување на брзината за повеќе од 80 km/h надвор од населено место
4. Надминување на брзината за повеќе од 70 km/h во населено место
5. Надминување на брзината за повеќе од 60 km/h во училишната зона или зоната „30“
6. Надминување на брзината за повеќе од 50 km/h во зоната со бавен сообраќај
7. Превоз на дете до 12 години на возачко седиште
8. Превоз на дете до 12 години на место кое не е наменето за седење (багажник, табла со инструменти, задна полица, надворешни делови на возилото и сл.)
9. Поминување на најмалку два црвени семафори за помалку од 10 минути
10. Престигнување колона возила преку континуирана (цврста) линија
11. Возење без полагање категорија на возење

