Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ВМРО-ДПМНЕ со обвинувања: Една лопата не е удрена, а Македонија веќе должи 300 милиони евра
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ со обвинувања: Една лопата не е удрена, а Македонија веќе должи 300 милиони евра

27/04/2023

AA

На денешната седница во собранието на Македонија пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Ели Панова постави пратеничко прашање во однос на коридорот 8 и 10 Д до министерот Благој Бочварски за тоа дали наведените суми за аванси и пенали од тајниот договор се точни и дали знае што следува ако ја превзел ваквата обврска надвор од своите ингеренции.

„Ги суспендиравте сите важечки закони во Македонија и конечно ќе удрите лопата. За жал лопатата се уште не е удрена а граѓаните се веќе должни милиони евра кои што условно кажано до вчера требаше да бидат исплатени согласно тајниот договор. Ова може да биде капитален банкрот. Кукавичкото јајце беше снесено во гнездото на пратениците. Од кога е потпишан договорот за коридорите има поминато 45 дена за кои што лопата не е фрлена а за пенали и аванси владата превела обврска од 300 милиони евра. Тајниот договор буди сомнежи и недоверба кај граѓаните. Но некој помеѓу вас не е ваш и договорот веќе не е така тајна. Првата обврска е директна исплата на аванс од 50 милиони евра, 117 милиони евра е втората ставка за подготовка на градилиште и припремни работи, пенали ќе плаќаме 53 милиони евра, дополнително и 900 илјади евра поради тоа што не е променет законот за работна недела. Тоа значи 300 милиони евра за аванси и пенали. Парафот и потписот е на Бочбварски и пратеничкото прашање е за него сакам да ми идговори дали сите овие наведени суми се точни, да одговори прецизно и точно и дали истиот знае што следува ако ја превзел ваквата обврска надвор од своите ингеренции, “ нагласи Панова.

Панова исто така го праша и Ковачевски кој е премиер во Македонија тој или Груби, поради тоа што не го објави договорот за коридорите јавно.

„Господине Ковачевски одговоривте на местото на Бочварски кој што не беше присутен, заради тоа што очигледно бега од одговорност, и како може некој да биде подносител на закон а да нема извршено увид во договорот“ истакна Панова.

Панова му посочи на Бочварски дека одговорност ќе има и одговорност ќе се сноси бидејќи тој единствениот потписник на договорот.

„Одговорност ќе има и одговорност ќе се сноси, според членот 353од законот според кој службено лице со пречекорување на границите на своето службено овластување нанесува штета ќе се казни со казна закон од 6 месеци до 3 години дополнително ако делото е вршено при јавна набавка или на штета на буџетот сторителот ќе се казни со казна од 5 години, вие господине Бочварски сте единствен потписник на ваквиот штетен договор“ нагласи Панова.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

КОЈ ВОЗИ БЕЗ ДОЗВОЛА, КОЈ ПИЕ КОГА ВОЗИ, КОЈ КРШИ

15/02/2026
Македонија

ОХРИДСКА „СВ. СОФИЈА“ ПРЕМИНА ВО НАДЛЕЖНОСТ НА ПОГЛАВАРОТ СТЕФАН Тој

15/02/2026
Македонија

НЕГРИЖАТА ОД МИНАТОТО ИЗБИ ДЕНЕС Сајкоски порача дека Кичево нема

15/02/2026
Македонија

🎥 НАЈТЕШКА Е СОСТОЈБАТА ВО КИЧЕВО Евакуирани се стари и

15/02/2026
Македонија

ПИЈАН МАЖ СО НОЖ ЈА НАПАДНАЛ 17-ГОДИШНАТА ДЕВОЈКА Во струшката

15/02/2026
Македонија

ЗАМИНА ЛЕГЕНДАТА НА ДРАМСКИ: Почина актерката Ленче Делова на 77-годишна

15/02/2026
Македонија

🎥 ЧЛЕНСТВОТО ВО ЕУ ЗА НАС НЕ Е МИЛОСТ, ТУКУ

15/02/2026
Македонија

ВО 2020 ГОДИНА ВЛАДАТА НА СДСМ Ѝ ДАЛА ОДОБРЕНИЕ НА

15/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41502
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

КОЈ ВОЗИ БЕЗ ДОЗВОЛА, КОЈ ПИЕ КОГА ВОЗИ, КОЈ КРШИ ЗАБРАНА…  Полицијата привела уште 10

15/02/2026

Во текот на вчерашниот ден, полициски службеници на целата територија на државата лишиле од слобода 10 возачи затоа што управувале

ОХРИДСКА „СВ. СОФИЈА“ ПРЕМИНА ВО НАДЛЕЖНОСТ НА ПОГЛАВАРОТ СТЕФАН Тој ќе добие и резиденција во

15/02/2026

Катедралниот храм „Света Софија“ во Охрид премина во надлежност на поглаварот – архиепископот охридски и македонски, г.г. Стефан и тој

НЕГРИЖАТА ОД МИНАТОТО ИЗБИ ДЕНЕС Сајкоски порача дека Кичево нема да биде оставено само

15/02/2026

Поради долгогодишната негрижа, неработа и отсуство на навремени превентивни мерки од страна на претходното раководство, Кичево денес се соочи со

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy