Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ВМРО-ДПМНЕ обвинува: Има тендер од над 2 милиони евра за косење на трева и кастрење на дрва
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ обвинува: Има тендер од над 2 милиони евра за косење на трева и кастрење на дрва

29/03/2023

AA

Портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева денеска на прес конференција истакна дека над 2 милиони евра за косење на трева и кастрење на дрва на патен појас се новиот криминал на власта од кои излегуваат на површина скандалозните зделки на кои се темели оваа власт на ДУИ и СДС.

„Денес продолжуваме со нови детали поврзани со овој тендер кој практично внимавајте се склучува во моментот кога државата има веќе друг активен тендер за уредување на патен појас.

Имено, во 2021 година „Македонија пат“ има склучено договор за косење на трева и дрва на патен појас со времетраење од две години. Тоа е почитувани овој договор кој потврдува дека важноста на договорот се уште не е истечена и рокот на исполнување е валиден до месец јули 2023-та година. Што значи, додека „Македонија пат“ има активен договор за реализирање на оваа работа, ЈПДП склучува нов договор со друга фирма вреден 2 милиони евра. Ова почитувани е типичен пример на криминал и корупција, тендери за задоволување на лични бизнис интереси и оштетување на буџетот без рационално трошење на народните пари.

Воедно, она што е дополнително скандалозно е разликата во цени која „Македонија пат“ ја има во договорот со цената во договорот на ЈПДП. „Македонија пат“ има склучено договор со друга фирма за 25 пати поевтини цени на услугата за косење на трева и дрва на патен појас од цената на ЈПДП чија вредност достигнува над 2 милиони евра.

Или, ако „Македонија пат“ обезбедила фирма да го направи сечењето на дрвата и косењето на тревата за 0,46 денари по м2, новата фирма од Кичево на тендерот на ЈПДП истата оваа услуга ја наплаќа 12 денари по м2. Односно, договорот на „Македонија пат“ кој е се уште важечки изнесува 1 милион евра за две години, а новиот договор на ЈПДП изнесува скоро 2,5 милиони евра. 1,5 милиони евра почитувани повеќе!

Ова е вистината која што се крие зад празната флоскула на ДУИ и СДС за европски фронт. Ова е нивната мантра – да цвета криминалот, да ја ограбуваат Македонија, тие да се богатат, а народот да осиромашува. Кога во Македонија нема пари за учебници, кога нема пари за лекови, криминалот цвета, а СДС и ДУИ се кријат зад фразата европски фронт.

Оваа власт почитувани нема ниту една европска вредност која ја применува, напротив секоја нивна постапка и чекор е во насока на уништување на Македонија.

Корупцијата тешка од 2 до 22 милиони евра се темелот на кој опстојува оваа криминална власт“, вели Митева.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Филипче остро по падот на Орбан: ВМРО-ДПМНЕ го изгуби сојузникот,

12/04/2026
Македонија

ВЕТЕР СО НАД 60 KM/ЧАС И ПРОМЕНЛИВО ВРЕМЕ Почетокот на

12/04/2026
Македонија

Метео аларм: Силен ветер долж Повардарието со над 60 км/ч

12/04/2026
Македонија

Обид за опожарување на Еврејската заедница и синагогата во Скопје

12/04/2026
Македонија

ЈАНЕЗ ЈАНША ВО ЖЕСТОК ДУЕЛ СО МАКЕДОНКАТА СТОЈМЕНОВА ДУХ Кој

12/04/2026
Македонија

5 ВОЗАЧИ ДИВЕЕЛЕ НА ПАТИШТАТА Фатени за безобѕирно возење, без

12/04/2026
Македонија

ЦИКЛОНОТ ОД ЏЕНОВА ЌЕ ДОНЕСЕ ПРОМЕНЛИВО ВРЕМЕ По празниците нè

12/04/2026
Македонија

МЕРКАТА ЗА САМОВРАБОТУВАЊЕ ВО ПОДЕМ КАЈ МЛАДИТЕ Речиси 1.900 бизниси

12/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42416
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Филипче остро по падот на Орбан: ВМРО-ДПМНЕ го изгуби сојузникот, нема веќе криење за Груевски!

12/04/2026

Лидерот на опозициската СДСМ, Венко Филипче, преку социјалните мрежи упати силна реакција по повод историскиот пораз на долгогодишниот унгарски премиер

ВЕТЕР СО НАД 60 KM/ЧАС И ПРОМЕНЛИВО ВРЕМЕ Почетокот на неделата со сонце, па дожд

12/04/2026

Времето во понеделник, 13 април, ќе биде сончево со умерена облачност. Ќе дува умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен

Метео аларм: Силен ветер долж Повардарието со над 60 км/ч

12/04/2026

За утре (13 април 2026 година) е издадено метеоролошко предупредување поради најава за засилени воздушни струења и силен ветер во

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy