
ВМРО-ДПМНЕ: Алијанса за Албанците да не глуми спаринг партнер, небитни се како ланскиот снег!
Откако Алијанса за Албанците денеска реагираше на фотографијата која ја објави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски со екс министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска, се јавија и од ВМРО-ДПМНЕ.
Тие велат Алијанса за Албанците да не глуми спаринг партнер.
„Алијансата за Албанците иако е небитна како ланскиот снег, целосно губејќи го својот идентитет и претопувајќи се во ДУИ и делувајќи како нивен спаринг партнер, само ќе ја прашаме до каде е случајот со двете куќи едната на Арбен Таравари, другата на министерот Фатмир Меџити, дадени по багателна цена, од страна на пратеникот на ДУИ Јахоски, кој е сопственик на Пуцко Петрол?
Она што е реалност е дека Алијанса за Албанците влезе во владата заради бизнис мотиви и спас на криминалот на Ковачевски и Ахмети“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
