Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Вметнувањето на помалите заедници во Преамбулата на Уставот е приоритет над приоритетите, вели Лога
Македонија

Вметнувањето на помалите заедници во Преамбулата на Уставот е приоритет над приоритетите, вели Лога

29/03/2023

AA

Приоритет над приоритетите во однос на уставните измени е промена на Преамбулата, со што во неа би се вметнале сите помали заедници кои ќе пројават интерес за тоа, но доколку „се отвори Уставот“ тогаш треба да се најдат решенија и за „сите празнини“ во него, за што ќе деде потребен консензус, изјави денеска министерот за правда Кренар Лога по средбата со австриската министерка за правда Алма Задич.

Тој нагласи дека ја повикува ВМРО-ДПМНЕ и пратениците на оваа партија да се изјаснат за сите прашања што ги имаат поврзани со Уставот, посочувајќи дека вратата на Министерството за правда останува отворена за нив.

Во врска со измените на Изборниот законик, Лога нагласи дека останува рокот до петок што и го остави на ВМРО-ДПМНЕ да предложи свој претставник во работната група.

– Да почекаме до петок, рече Лога во одговор на новинарско прашање дали работната група за промена на Изборниот законик ќе почне да работи и без најголемата опозициска партија, доколку таа не предложи свој претставник во ова тело при Министерството за правда.

Лога го поздрави денешниот избор на нови судии од страна на Судскиот совет и најави дека денеска Министерството до Владата ќе достави нов Предлог закон за Академија на судии и јавни обвинители, со што, како што рече, ќе биде подобрена нејзината инфраструктура.

Во однос на мислењето на Комисијата за употреба на имиња на личности во врска со називот на Здружението за афирмација на културните вредности на македонските Бугари „Цар Борис Трети“ од Охрид, Лога изјави дека тоа се уште не е стигнато до Министерството за правда, а откако ќе пристигне, што очекува да се случи во текот на денешниот ден или најдоцна утре, тој ќе донесе соодветна одлука.

Комисијата за употреба на имиња на личности вчера даде негативно мислење за употреба на името Цар Борис Трети во називот на бугарскиот клуб, со оценка дека именување на здружението со таков назив предизвикува тензии и нетолеранција во целото македонско општество.

– Тој е одговорен за злосторства извршени за време на бугарската окупација на Македонија во Втората светска војна, при што се ликвидирани стотици граѓани. Посебно беше потенцирано мислењето дека неговата соработка и сојузништво со Третиот рајх и нагласената антисемитска политика се најдиректно одговорни и за депортацијата и екстерминацијата на илјадници Евреи од Македонија во логорот на смртта Треблинка, заклучи Комисијата.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Филипче остро по падот на Орбан: ВМРО-ДПМНЕ го изгуби сојузникот,

12/04/2026
Македонија

ВЕТЕР СО НАД 60 KM/ЧАС И ПРОМЕНЛИВО ВРЕМЕ Почетокот на

12/04/2026
Македонија

Метео аларм: Силен ветер долж Повардарието со над 60 км/ч

12/04/2026
Македонија

Обид за опожарување на Еврејската заедница и синагогата во Скопје

12/04/2026
Македонија

ЈАНЕЗ ЈАНША ВО ЖЕСТОК ДУЕЛ СО МАКЕДОНКАТА СТОЈМЕНОВА ДУХ Кој

12/04/2026
Македонија

5 ВОЗАЧИ ДИВЕЕЛЕ НА ПАТИШТАТА Фатени за безобѕирно возење, без

12/04/2026
Македонија

ЦИКЛОНОТ ОД ЏЕНОВА ЌЕ ДОНЕСЕ ПРОМЕНЛИВО ВРЕМЕ По празниците нè

12/04/2026
Македонија

МЕРКАТА ЗА САМОВРАБОТУВАЊЕ ВО ПОДЕМ КАЈ МЛАДИТЕ Речиси 1.900 бизниси

12/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42416
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Филипче остро по падот на Орбан: ВМРО-ДПМНЕ го изгуби сојузникот, нема веќе криење за Груевски!

12/04/2026

Лидерот на опозициската СДСМ, Венко Филипче, преку социјалните мрежи упати силна реакција по повод историскиот пораз на долгогодишниот унгарски премиер

ВЕТЕР СО НАД 60 KM/ЧАС И ПРОМЕНЛИВО ВРЕМЕ Почетокот на неделата со сонце, па дожд

12/04/2026

Времето во понеделник, 13 април, ќе биде сончево со умерена облачност. Ќе дува умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен

Метео аларм: Силен ветер долж Повардарието со над 60 км/ч

12/04/2026

За утре (13 април 2026 година) е издадено метеоролошко предупредување поради најава за засилени воздушни струења и силен ветер во

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy