Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ВЛЕЗ ВО ГРЦИЈА САМО ПРЕКУ ДОЈРАН И МЕЏИТЛИЈА Блокадите на земјоделците го стопираа сообраќајот кон Евзони
Македонија

ВЛЕЗ ВО ГРЦИЈА САМО ПРЕКУ ДОЈРАН И МЕЏИТЛИЈА Блокадите на земјоделците го стопираа сообраќајот кон Евзони

11/12/2025

AA

Граничниот премин Богородица – Евзони вечерва од 19 часот е целосно затворен за сите типови возила, поради блокади поставени од грчките земјоделци, информира Авто-мото сојузот на Македонија (АМСМ). Сообраќајот кон Грција преку овој премин е во целосен прекин, а засега нема информации кога би можел повторно да се отвори. Сообраќајот на ГП Меџитлија (НИКИ) и ГП Дојран се одвива нормално.

Од македонска страна, на останатите гранични премини нема подолги задржувања, а сообраќајот на државните патишта се одвива непречено и по претежно суви коловози. Интензитетот на движење надвор од градските средини е умерен.

АМСМ потсетува дека од 15 ноември е активна законската обврска за задолжително поседување зимска опрема, која важи до 15 март 2026 година, без разлика на моменталните временски услови.

Возачите се предупредуваат на зголемено внимание, особено на делниците каде што е можен пад на камења и земја. Како критични точки се издвојуваат патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Од АМСМ апелираат да се почитува поставената сигнализација, да се вози со прилагодена брзина и да се управува внимателно, особено на котлинските региони, клисурите и речните долини каде што условите може брзо да се променат.

.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ВЕЧЕРВА ПОЧУВСТВУВАН ЗЕМЈОТРЕС ВО СКОПЈЕ: Магнитуда од 2,5 степени според

02/08/2026
Македонија

На 103 години почина д-р Никола Стојановски, претседавач на првото

02/08/2026
Македонија

Скопјанец тешко повреден откако со мотоцикл се судрил со автомобили

02/08/2026
Македонија

Ангелов: Под контрола дваесетина пожари ширум земјава, водата во Гостивар

02/08/2026
Македонија

Вкупно 21 пожар низ Македонија, се уште активни во Крива

02/08/2026
Македонија

Сообраќајна несреќа на патот Кичево-Охрид: Четири лица повредени, од кои

02/08/2026
Македонија

Дете од Берово испило капсула за перење алишта

02/08/2026
Македонија

Семеен инцидент во Охрид: Физички ја нападнал сопругата откако таа

02/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44816
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ВЕЧЕРВА ПОЧУВСТВУВАН ЗЕМЈОТРЕС ВО СКОПЈЕ: Магнитуда од 2,5 степени според Рихтер

02/08/2026

Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје информира дека вечерва е регистриран слаб земјотрес во скопското епицентрално подрачје. ​Според официјалните

На 103 години почина д-р Никола Стојановски, претседавач на првото повеќепартиско Собрание и долгогодишен претседател

02/08/2026

Во 103. година од животот почина д-р Никола Стојановски, потврди неговото семејство. Тој беше првиот претседавач на повеќепартиското Собрание на

Скопјанец тешко повреден откако со мотоцикл се судрил со автомобили на граница со Грција

02/08/2026

МВР информира дека вчера наутро во 08:05 часот во Полициската станица Гевгелија е пријавено дека на автопатот А1, во близина

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy