Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ВЛЕН: Таравари и Ахмети рака под рака во пензија, ВЛЕН рамо до рамо со албанскиот народ!
Македонија

ВЛЕН: Таравари и Ахмети рака под рака во пензија, ВЛЕН рамо до рамо со албанскиот народ!

08/05/2025

AA

ДУИ не може да се дефинира поинаку освен како казан во кој вријат кражби, криминал и корупција. Токму во тој казан, каде што се готвеа антиалбански планови, “бегот” од Гостивар, Арбен Таравари, решил да се врати. И не само тоа, се обидува да ги прошверцува и пратеничките мандати кои беа добиени во име на промената, велат од ВЛЕН во соопштение.

„Не беше одамна, само пред една година, токму во овој месец, кандидатите за пратеници кои денес се пратеници на Алијанса на Албанци, под логото на ВЛЕН, од врата на врата им велеа на граѓаните: „Ние сме промената“, „Ние не одиме со ДУИ“. Зиадин е предавникот затоа што сакаше да ѝ го продолжи владеењето на ДУИ.

Граѓаните ја кажаа својата волја, гласаа за промена. Промената дојде. Таравари дезертираше, но една армија не смее да ја следи слепо судбината на еден дезертер. Невнимателен дезертер не смее да ја определува насоката на една чесна, чиста и одлучна политичка структура. Сега е време за размислување, сите пратеници, членови и активисти треба повторно да се позиционираат таму каде што беа, на вистинската страна.

Ако го напуштивте Села поради тоа што, како што велите, неговото крило отиде со ДУИ, каде е тогаш логиката сега да стоите до Таравари, кој се враќа и кај Села и кај Ахмети? Ние веруваме во будноста на искрените активисти и вредните поддржувачи, промената само што започна, таа мора да продолжи.

Таравари е изморен, можеби затоа што, исто како Ахмети, не се искачуваше по планините и нема кондиција. Таравари работи на своето предвремено политичко пензионирање. ВЛЕН е и ќе остане штитот на Албанците, сега е моментот да застанеме на вистинската страна.

Таравари и Ахмети рака под рака во пензија, ВЛЕН рамо до рамо со албанскиот народ, кон нови победи и цели!“ – велат од ВЛЕН во соопштението.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ПАД ОД КАРПА КАЈ МАРКОВИ КУЛИ Тешко повреден српски државјанин

11/04/2026
Македонија

СОНЦЕ И ПОТОПЛО ВРЕМЕ Температурите ќе достигнат до 20 степени

11/04/2026
Македонија

3 ЛИЦА СЕ УАПСЕНИ, ПРИЈАВЕНИ СЕ ШЕСТ ИНЦИДЕНТИ Нов бран

11/04/2026
Македонија

ПРИТИСОК ВРЗ СОФИЈА ЗА НЕПРАВДАТА КОН МАКЕДОНЦИТЕ Во рок од

11/04/2026
Македонија

📷 📽️ НЕ ШМРКАВ КОКАИН И НЕ БЕВ КРИМИНАЛЕЦ ЗА

11/04/2026
Македонија

Македонија меѓу земјите со најголемо поскапување на јајцата пред Велигден

11/04/2026
Македонија

ПОВРЕДЕН ПИТ-БУЛ НАЈДЕН ВО БАГАЖНИК, УЧЕСТВУВАЛ ВО БОРБИ Приведени 19-годишник

11/04/2026
Македонија

📷 ПРЕТСЕДАТЕЛКАТА ГИ ВАПЦАШЕ ЈАЈЦАТА Сиљановска-Давкова повика на надеж и

11/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42390
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ПАД ОД КАРПА КАЈ МАРКОВИ КУЛИ Тешко повреден српски државјанин

11/04/2026

Државјанин на Србија се здобил со тешки повреди откако паднал од карпа за време на спортски активности на непристапен терен

СОНЦЕ И ПОТОПЛО ВРЕМЕ Температурите ќе достигнат до 20 степени

11/04/2026

Утре во Македонија времето ќе биде сончево и потопло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер

3 ЛИЦА СЕ УАПСЕНИ, ПРИЈАВЕНИ СЕ ШЕСТ ИНЦИДЕНТИ Нов бран на семејно насилство во земјата

11/04/2026

Три лица се уапсени, а вкупно шест случаи на семејно насилство се пријавени во последните 24 часа во Штип, Куманово,

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy