Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ВЛЕН му одговори на Ахмети: Улицата не е за милионери што бегаат од правда!
Македонија

ВЛЕН му одговори на Ахмети: Улицата не е за милионери што бегаат од правда!

02/05/2025

AA

Коалицијата ВЛЕН остро реагира на најавите на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, дека доколку поранешниот министер Крешник Бектеши се најде на обвинителна клупа за трагедијата во Кочани, партијата ќе излезе на улица.

„Дваесет години на власт – никогаш на улица за народот, секогаш во тишина за правдата“, реагира ВЛЕН, оценувајќи дека улицата не му припаѓа на „милионерите кои се плашат од одговорност“, туку на народот кој бара неселективна правда.

Во реакцијата, коалицијата го прашува Ахмети каде бил кога Албанците, како што велат, се соочувале со монтирани процеси, како „Монструм“, „Сопот“, случаите во Бродец и Диво Насеље, кога наводно без вина биле затворани, осудувани или исчезнувани.

„Ахмети никогаш не излезе на улица за својот народ, но сега, кога се загрозени неговите блиски од милионските тендери – одеднаш се сети на улицата“, стои во реакцијата.

ВЛЕН ги обвинува ДУИ и СДСМ за заеднички обиди за одвраќање на правдата, повикувајќи ги граѓаните да не потпаѓаат на „страхувањата кои партијата на Ахмети намерно ги шири“. Според нив, единственото нешто што го плаши ДУИ е „вистинската правда и гласот на народот на избори“.

„Нема враќање назад. Народот се разбуди. И овој пат – ни улицата нема да го спаси Али Ахмети“, порачуваат од ВЛЕН.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Големо невреме северозападно од Куманово, можно е да зафати делови

29/08/2026
Македонија

Тежок пожар кај ресенско Макази, се движи кон Пелистер

29/08/2026
Македонија

Ангелов: Пожарот на Пелистер е намерно подметнат, „Ер тракторите“ веќе

29/08/2026
Македонија

Татко пријави семејно насилство во Скопје: Малолетно дете со страв

29/08/2026
Македонија

Мотоцикл на МВР се судри со „Ауди“ во Пробиштип, повреден

29/08/2026
Македонија

Во деловен објект во Центар фрлена запалива течност, оштетена фасада

29/08/2026
Македонија

Почина режисерот и драматург Кирил Петрески

29/08/2026
Македонија

Инцидент во Желино: Со нож и репетиран пиштол се заканувал

29/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45332
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Големо невреме северозападно од Куманово, можно е да зафати делови од градот

29/08/2026

Големо невреме со пороен дожд, засилен ветер, грмежи и покрупен град се движи северозападно од Куманово. Постои можност невремето да

Тежок пожар кај ресенско Макази, се движи кон Пелистер

29/08/2026

Тежок пожар избувна попладнево во атарот на селото Макази, Ресенско, информира директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов.

Ангелов: Пожарот на Пелистер е намерно подметнат, „Ер тракторите“ веќе дејствуваат

29/08/2026

Тежок пожар избувна попладнево во атарот на селото Макази, Општина Ресен, а според директорот на Дирекцијата за заштита и спасување,

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy