Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Владата со кампања тешка 355.000 евра ќе ја информира јавноста за придобивките од ЕУ
Македонија

Владата со кампања тешка 355.000 евра ќе ја информира јавноста за придобивките од ЕУ

22/12/2023

AA

„Европска иднина, поблиску од кога било“, е слоганот со кој почнува новата кампања на Владата, со цел јавноста да биде информирана за конкретните придобивки од евроинтеграцискиот процес и членството во ЕУ. Ќе чини 355.000 евра. Претходно, кампањата „Ние сме Европа“, чинеше 80.000 евра. И пред тоа имаше разни кампањи, пишува Радио Слободна Европа.

Резултатот е следен: За речиси деценија, за една четвртина е падната поддршката на граѓаните за членство во Европската унија. Ако во 2014 година 80 отсто од испитаниците биле „за“ членство во Унијата, во 2023 тој процент изнесува 60 отсто, покажуваат истражувањата на невладината Институт за демократија – Социетас цивилис презентирани на 18 декември. Посебно загрижуваат податоците кои се однесуваат на младите и нивната поддршка за членството во ЕУ.

„Најмладата категорија на полнолетни граѓани на возраст од 18 до 24 години, се во суштина и најевроскептични. Само половина од младите го поддржуваат членството во ЕУ“, вели авторот на анализата, професорот на Правниот факултет, Иван Дамјановски.

Годинава се намалило и мислењето дека соседите се главна пречка за членство во ЕУ, а расте бројот на оние кои сметаат дека вината треба да се бара на домашен терен, односно во неостварување на реформите.

Висок е процентот, 90 отсто, на оние кои сметаат дека членството во ЕУ нема да го намали иселувањето на младите.

Ваквите податоци, партиите од власта и од опозицијата си ги протолкуваа различно. Власта смета дека опозицијата кочи со неприфаќање на уставните измени, додека пак од опозицијата потенцираат дека ваквата ситуација е поради неспроведување на реформите и корупцијата. Сите со мирна совест.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

СОНЦЕ И ПОТОПЛО ВРЕМЕ Температурите ќе достигнат до 20 степени

11/04/2026
Македонија

3 ЛИЦА СЕ УАПСЕНИ, ПРИЈАВЕНИ СЕ ШЕСТ ИНЦИДЕНТИ Нов бран

11/04/2026
Македонија

ПРИТИСОК ВРЗ СОФИЈА ЗА НЕПРАВДАТА КОН МАКЕДОНЦИТЕ Во рок од

11/04/2026
Македонија

📷 📽️ НЕ ШМРКАВ КОКАИН И НЕ БЕВ КРИМИНАЛЕЦ ЗА

11/04/2026
Македонија

Македонија меѓу земјите со најголемо поскапување на јајцата пред Велигден

11/04/2026
Македонија

ПОВРЕДЕН ПИТ-БУЛ НАЈДЕН ВО БАГАЖНИК, УЧЕСТВУВАЛ ВО БОРБИ Приведени 19-годишник

11/04/2026
Македонија

📷 ПРЕТСЕДАТЕЛКАТА ГИ ВАПЦАШЕ ЈАЈЦАТА Сиљановска-Давкова повика на надеж и

11/04/2026
Македонија

Силјановска-Давкова: Вапцањето јајца е повеќе од традиција – тоа е

11/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42389
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

СОНЦЕ И ПОТОПЛО ВРЕМЕ Температурите ќе достигнат до 20 степени

11/04/2026

Утре во Македонија времето ќе биде сончево и потопло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер

3 ЛИЦА СЕ УАПСЕНИ, ПРИЈАВЕНИ СЕ ШЕСТ ИНЦИДЕНТИ Нов бран на семејно насилство во земјата

11/04/2026

Три лица се уапсени, а вкупно шест случаи на семејно насилство се пријавени во последните 24 часа во Штип, Куманово,

ПРИТИСОК ВРЗ СОФИЈА ЗА НЕПРАВДАТА КОН МАКЕДОНЦИТЕ Во рок од 180 дена, Бугарија мора да

11/04/2026

Официјална Бугарија се соочува со притисок откако Комитетот за човекови права на Обединетите нации побара да му исплати оштета на

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy