Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Владата се согласила да им плати на банките за администрирањето на унгарскиот кредит од 250 милиони евра
Економија

Владата се согласила да им плати на банките за администрирањето на унгарскиот кредит од 250 милиони евра

01/11/2024

AA

Владата попуштила целосно во преговорите со деловните банки, кои ќе го администрираат кон бизнисот делот од унгарскиот кредит од 250 милиони евра, и целосно со буџетски средства ќе ги исплати нивните услуги.

Само под овој услов комерцијалните банки во државата прифатиле да ги одобруваат кредитите кон деловниот сектор по каматна стапка од 3,25 отсто, колку што е каматата за отплата на државата кон унгарскиот кредитор. Тоа практично значи дека ризикот што го преземаат деловните банки ќе биде „субвенциониран“ од страна на Владата.

– Разговорите со банките ги започнавме од месец август. Пред две недели го постигнавме договорот во насока на дефинирање на каматната стапка и нејзиното субвенционирање од страна на државата како што било во минатото. Од 2011 навака има многу кредитни линии кои се поминати преку Министерството за финансии, дадени на приватниот сектор. Субвенционирањето било направено од страна на државата. Ние пробавме да направиме обид да го поделиме со банките тој трошок. Тие сметаат дека го преземаат ризикот и тоа е така. И за сметка на тоа може да се појави некој ризичен кредит. Инсистираа каматата да ја покриеме комплетно ние и на крајот се согласивме, рече Димитриеска Кочоска, рече денеска министерката.

Министерката додаде дека нерешено прашање во преговорите со деловните банки кои ќе го администрираат унгарскиот кредит од 250 милиони евра е тоа што нивниот најголем рок на отплата е 10 години, додека владата бара тој да биде 15 години со три години грејс период.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ОСУМ ДЕНА ДРУЖЕЊЕ, СМЕА, ИГРА И ЗАБАВА Отворен струмичкиот карневал

19/02/2026
Македонија

ФИЛИПЧЕ СЕ ОДНЕСУВА КАКО БОМБАШ САМОУБИЕЦ Создава токсична атмосфера во

19/02/2026
Македонија

Инцидент на протестите во Блатец, нападнат претставник на инвеститорот

18/02/2026
Македонија

НЕМА ДА ИМА БЕСА, АЛТЕРНАТИВА, АЛИЈАНСА, ЌЕ ИМА САМО ВЛЕН

18/02/2026
Македонија

ГОЛЕМ ОДРОН НА ПАТОТ СКОПЈЕ-ВЕЛЕС Се вози само по една

18/02/2026
Македонија

Беким Ќоку: Секоја одлука на Беса е и одлука на

18/02/2026
Македонија

ВНИМАВАЈТЕ: Голем одрон во должина од 80 метри на автопат

18/02/2026
Македонија

СДСМ МАНИПУЛИРА, НЕМА НИКАКВА ЗЛОУПОТРЕБА НА ВЛАДИНИОТ АВИОН Почитуван е

18/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41638
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ОСУМ ДЕНА ДРУЖЕЊЕ, СМЕА, ИГРА И ЗАБАВА Отворен струмичкиот карневал

19/02/2026

Со симболично предавање на клучот од градот од градоначалникот Петар Јанков на карневалџиите, вечерва во Струмица почнаа осумдневните карневалски празнувања.

ФИЛИПЧЕ СЕ ОДНЕСУВА КАКО БОМБАШ САМОУБИЕЦ Создава токсична атмосфера во општестевото, вели Николоски

19/02/2026

Заменик претседателот на Владата на Република Македонија, Александар Николоски во одговор на новинарско прашање во Прилеп, каде што присуствуваше на

Инцидент на протестите во Блатец, нападнат претставник на инвеститорот

18/02/2026

Ситуацијата во виничкото село Блатец денеска ескалираше кога дојде до остар вербален конфликт и тензии на работ на физички инцидент

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy