Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ВЛАДАТА ПРЕСЕЧЕ, ТРГНУВА ВО КОНТРОЛА НА МЕДИЦИНСКИОТ КАНАБИС Фирмите имаат рок од 45 дена да изготват извештај
Македонија

ВЛАДАТА ПРЕСЕЧЕ, ТРГНУВА ВО КОНТРОЛА НА МЕДИЦИНСКИОТ КАНАБИС Фирмите имаат рок од 45 дена да изготват извештај

10/02/2026

AA

Сè со цел да се спречи индустриско нелегално производство на медицински канабис и пласман кон нелегалниот домашен и меѓународен пазар, Владата на денешната 149 седница ја разгледа информацијата во врска со лиценци за производство на канабис за медицински цели, ги донесе следните заклучоци:

„Владата ги задолжи институциите во рамките на своите надлежности да ги преземат сите законски утврдените мерки и активности и да извршат вонредни контроли на сите правни лица, кои имаат одобрение за одгледување и производство на канабис за медицински цели на цела територија на Република Северна Македонија и во рок од 45 дена да достават извештај до Владата.

Исто така, Влада ќе ги именува членовите на меѓуресорската државна комисија за борба против недозволено производство, трговија и злоупотреба на дроги. Напоменуваме дека од 2017 година откако е формирана комисијата, истата воопшто не била активна и нема резултат. За таа цел, Владата во иднина ќе бара редовни извештаи.

Владата исто така донесе одлука за конечно решавање на паркирањето во Клиничкиот кампус ‘Мајка Тереза’ со која се затвораат административните прашања што со децении го попречуваа уредувањето на паркирањето во Клиничкиот кампус ‘Мајка Тереза’. Со оваа одлука се создава правна основа за потпишување договор меѓу Министерството за здравство и Градот Скопје. Министерството за здравство, во рок од три месеци, го заврши процесот на регистрација на парцелите во Катастар и изработка на соодветните елаборати, со што се отвора патот за изградба на модерен и функционален паркинг, вклучително и катни гаражи, како и воведување софтверско решение за ефикасно управување. Проектот ќе обезбеди подобри услови за пациентите, здравствените работници и граѓаните кои ги користат услугите на кампусот.

Воедно, сакаме да ја информираме јавноста дека на владината седница се усвои Предлог-законот за Советот на Јавни Обвинители, кој заедно со предлог законот на Јавно обвинителство доби позитивно мислење од Венецијанската комисија. Усвојувањето на овие два закони од страна на Собрание значи исполнување на чекорот од Реформската агенда.

Нашата цел како Влада е да воспоставиме неселективност во постапувањето и да преземаме политики во интерес на граѓаните.

Продолжуваме со реализација на програмата на Влада, а тоа е обезбедување на подобар, поквалитетен и побезбеден живот за сите“.

.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Една одлука – повеќе спасени животи: Eве што носат измените

12/04/2026
Македонија

Сѐ помалку основци, благо зголемување кај средношколците

12/04/2026
Македонија

Тивок раст на цените во угостителството

12/04/2026
Македонија

ДА ГО ОЗАРИМЕ СВЕТОТ СО ВЕЛИГДЕНСКА РАДОСТ Светлината на воскреснатиот

12/04/2026
Македонија

ПРАВОСЛАВНИТЕ ВЕРНИЦИ ГО СЛАВАТ ВЕЛИГДЕН Симбол на победата над смртта

12/04/2026
Македонија

ПАД ОД КАРПА КАЈ МАРКОВИ КУЛИ Тешко повреден српски државјанин

11/04/2026
Македонија

СОНЦЕ И ПОТОПЛО ВРЕМЕ Температурите ќе достигнат до 20 степени

11/04/2026
Македонија

3 ЛИЦА СЕ УАПСЕНИ, ПРИЈАВЕНИ СЕ ШЕСТ ИНЦИДЕНТИ Нов бран

11/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42395
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Една одлука – повеќе спасени животи: Eве што носат измените за донирање на органи и

12/04/2026

Државата подготвува значајни измени во системот за донорство на органи, со кои секој граѓанин ќе може лично да се изјасни

Сѐ помалку основци, благо зголемување кај средношколците

12/04/2026

Новата учебна 2025/2026 година носи загрижувачки трендови во основното образование, но и мал оптимизам кај средното, покажуваат најновите податоци за

Тивок раст на цените во угостителството

12/04/2026

Цените во угостителскиот сектор продолжуваат постепено да растат, покажуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика, што укажува на континуиран

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy