
Владата го усвои новото упатство за проценка на влијание на законите
На седница на Владата е усвоено ново упатство за проценка на влијание на регулативата (ПВР). Според него, министерствата ќе мора да спроведуваат анализи, консултации и јавни расправи пред да предложат нови закони.
Целта е да се зголеми транспарентноста и да се обезбедат подобри, поефективни регулативи, со активно учество на засегнатите страни – од синдикати и комори, до граѓански организации и граѓани.