
Владата ќе ги обележува кои земјоделски производи се домашни, а кои увозни
Владата соопшти дека започнува кампања „купувај домашни земјоделски производи“ со која ќе се стимулира растот на домашната економија и потрошувачката на земјоделските производи кои ги произведуваат македонските земјоделци.
Целта на оваа кампања на Владата и МЗШВ е да се промовира домашното производство и да се зголеми сопственото производство
„Граѓаните ќе можат да купуваат домашни земјоделски производи во маркетите, а секој производ кој е произведено во Македонија или е увезен од надвор ќе биде обележан.
Со ова не што ќе се зголеми побарувачката на пазарот, туку ќе се зголеми и земјоделското производство. Ако претходно имавме состојба каде што се напуштаа нивите, сега ќе ги поттикнеме земјоделците со својот труд да се вратат на полињата.
Наша основна цел е Македонија да ја направиме земјоделски независна држава“, соопштија од Владата.
/faktor.mk