Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Изет Меџити најави тројно зголемување на капацитетите за предучилишно згрижување во Чаир
Македонија

Изет Меџити најави тројно зголемување на капацитетите за предучилишно згрижување во Чаир

12/09/2025

AA

Кандидатот за градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити, на денешната јавна презентација во Чаир, пред граѓаните и медиумите, го промовираше новиот концепт за развој на предучилишниот систем во општината, нагласувајќи дека капацитетите за згрижување ќе се зголемат тројно во наредниот мандат, преку конкретни инвестиции во модерна и инклузивна инфраструктура за децата, се наведува во соопштението од ВРЕДИ.

„Чаир отсекогаш бил симбол на младоста, животот и новите почетоци. И денес, Чаир се гордее со највисока стапка на наталитет во државата. Тоа е нашата сила, нашата гордост, но пред сѐ – нашата најголема одговорност“, изјави Меџити.

Тој потенцираше дека силата на едно општество не се мери само со бројки, туку со вредностите, знаењето и мудроста што им се пренесуваат на новите генерации. Затоа, приоритет е поставувањето на систем на образование и грижа што започнува уште од најрана возраст.

„Планираните инвестиции се:

• Детската градинка ‘Бамби’ – веќе функционална, со капацитет од 360 деца, моментално најголемата во државата;

• Новата градинка ‘Снежана’ во Топанско Поле– која ќе се гради од темел, со капацитет од 300 деца;

• Новата градинка ‘Росица’ – исто така нов објект што ќе се гради од темел тука, со капацитет од 300 деца“, рече Меџити.

Овие три нови градинки ќе можат да згрижат 1.000 деца од предучилишна возраст, што речиси го достигнува бројот од 1.100 деца кои моментално се згрижени во седумте постојни градинки во Чаир.

„На овој начин, конечно го решаваме проблемот со недостиг на места во градинките. Секое дете во Чаир ќе има свое место. Никој нема да остане надвор“, додаде тој.

Концептот за предучилишно образование во новиот мандат на Меџити се базира на три основни столба:

1.Модерна инфраструктура – со безбедни, функционални и стимулативни простории за децата;

2.Еднаквост и инклузија – со посебни училници за деца со аутизам и посебни потреби;

3.Мотивиран и стручен кадар – воспитувачи кои работат со посветеност и љубов кон секое дете.

На крајот од своето обраќање, Меџити го оцени овој проект како долгорочна инвестиција во човечкиот капитал и конкретен чекор кон подобра иднина за семејствата во Чаир.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за

11/09/2026
Македонија

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД

11/09/2026
Македонија

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над

11/09/2026
Македонија

Поднесена кривична пријава за убиството на 26-годишникот во Скопје, осомничени

11/09/2026
Македонија

Новиот клинички центар ќе биде кај „Борис Трајковски“, се разгледуваат

11/09/2026
Македонија

Савески за „Пулс“: Роковите за притвор мора да се почитуваат,

11/09/2026
Македонија

Во тек е полициска акција: Претреси поради сомнежи за фалсификувани

11/09/2026
Македонија

Мицкоски за укинувањето на пресудата за „Ласкарци“ и Јакимовски: Вие

11/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45643
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за фалсификување исправа

11/09/2026

Претреси на вкупно 32 локации во Скопје се вршат денеска во рамки на полициска акција, информира Основното јавно обвинителство Скопје.

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД во борбата против тероризмот

11/09/2026

Дваесет и пет години по терористичките напади од 11 Септември, Македонија им оддава почит на жртвите и на оние кои

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над 20 дуќани со текстилна и

11/09/2026

На 11.09.2026 околу 03:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека во трговски центар на подрачјето на Шуто Оризари, биле опожарени

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy