
Вистинска драма во Битола, кучиња нападнаа маж во центарот на градот (ВИДЕО)
Битолчанец вчера едвај останал жив откако во центарот на градот, движејќи се бил нападнат од глутница на кучиња.
Жена очевидец која била на истото место, сведочи за настанот. Вели дека таа можела да биде на негово место, бидејќи се движела по истата рута.
Таа на друштвените мрежи сподели видео материјали каде се гледаат повредите нанесени од кучињата.
Веднаш потоа се упатиле во полициска станица и Клиничкиот центар во Битола каде била извршена проверка.
