Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ВИНОПИЈЦИТЕ И ДОМА И ОД СТРАНСТВО МАЛКУ ЗАТАИЛЕ, АМА ЗА „ТИКВЕШ“ НЕМА ЗИМА – чиста добивка од 700 илјади евра за три месеци
Економија

ВИНОПИЈЦИТЕ И ДОМА И ОД СТРАНСТВО МАЛКУ ЗАТАИЛЕ, АМА ЗА „ТИКВЕШ“ НЕМА ЗИМА – чиста добивка од 700 илјади евра за три месеци

05/05/2025

AA

Нема
никакви изненадувања, ниту позитивни ниту негативни, кај најголемиот
производител на вино во земјава, компанијата на бизнисменот Светозар Јаневски,
„Тиквеш“.

Винарската
визба ги објави резултатите за првиот квартал од годинава, а тие говорат дека
таа работела речиси идентично како во истиот период од минатата година.

Сепак,
и покрај благо намалените приходи, а со тоа и малку снижената бруто добивка,
компанијата успеала да се стегне и тримесечјето да го заврши со профит повисок
за 25 проценти, односно 700 илјади евра, што е за поздравување на умешноста и
менаџирањето, во услови кога приходите благо односно незначително затаиле.

Да
погледнеме што говорат бројките за Тиквеш.

Приходната
страна покажува дека компанијата за трите месеци од годинава остварила приходи
од продажба од рамно 12 милиони евра. Во однос на истиот период лани, тоа е
намалување на ниво на статистичка грешка, од 3 проценти.

Благо
во продажбите затаиле и домашниот и странскиот пазар. Односно, од продажбата на
вино на домашна територија Тиквеш инкасирал 5,2 милиони евра, што е намалување
за 2 отсто.

Додека,
пак, странците испиле од виното на Тиквеш во вредност од 6,8 милиони евра, што
е снижување за три проценти во однос на истиот период од минатата година.

Ова
говори дека извозот на вино и натаму доминира во однос на продажбите на
домашниот пазар.

Ако незначително се намалиле приходите, исто така благо снижување, но нешто повисоко, има
и кај трошоците за производи и услуги, кои изнесувале 6,9 милиони евра, па кај
нив падот е за 4 отсто во однос на истиот период лани.

Ова
направило компанијата да го заврши тримесечјето со бруто добивка од 5,1 милиони
евра, што е мало снижување од 1 отсто.

Но,
по пресметката на административните трошоци, кои кизнесувале 721 илјади евра,
потоа трошоците за маркетинг и дистрибуција, кои биле 1,14 милиони евра, како и
по вредносното усогласување од 2,3 милиони евра, но и по пресметката на
останатите оперативни приходи, Тиквеш го завршува тримесечјето со оперативна
добивка од 1,1 милиони евра. Што е пораст за 30 отсто во однос на истиот период
минатата година.

Трошоците
за суровини и други материјали се 2,4 милиони евра, што е раст за 24 отсто,
услугите со карактер на материјални трошоци биле 2,5 милиони евра, а трошоците
за вработените се 1,1 милиони евра, и кај нив се бележи зголемување од 11
проценти. Останатите расходи од работењето и поарчиле на винаријата 1,86
милиони евра, што е намалување за 14 отсто во однос на истиот период од
минатата година.

Компанијата
не остварила финансиски приходи, но затоа пораснале за 84 отсто нејзините
финансиски расходи, главно плаќања за камати на кредити, со што тие во првиот
квартал изнесувале 256 илјади евра.

После
сите пресметки добивката пред оданочување на компанијата била 828 илјади евра,
а по вкалкулирањето и на корпоративниот данок, нето профитот кој преостанува е рамно
700 илјади евра за првиот квартал од годинава.

Н.Н.Ф. 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

НЕМА ПОТПРЕТСЕДАТЕЛИ ЗА ДА ИМА ФЕР УСЛОВИ ЗА ИЗБОРОТ НА

07/02/2026
Македонија

ЗОШТО ЗАЕВ ЛИЧНО СЕ РАСПРАШУВАЛ ЗА ЗАПЛЕНЕТАТА ДРОГА? Колкав ќар

07/02/2026
Македонија

ТОПОЛ ФЕВРУАРСКИ ДЕН, СО ТЕМПЕРАТУРА ДО 14 СТЕПЕНИ Следува заладување,

07/02/2026
Македонија

ДВАЈЦА ПРОФЕСИОНАЛНИ ВОЈНИЦИ ЗАБОЛЕНИ ОД ШУГА Биле на обука во

07/02/2026
Македонија

Внимавајте: На овој патен правец има магла

07/02/2026
Македонија

КУЧИЊА НАПАДНАЛЕ ДВЕГОДИШНО ДЕТЕ ВО БИТОЛА Со тешки повреди е

07/02/2026
Македонија

СДСМ прашува: Кој дозволи 5 тони дрога да помине граница?

07/02/2026
Македонија

УКРАЛ 45.000 ЕВРА ОД ФИРМАТА КАДЕ РАБОТЕЛ Полицијата уапси 35-годишен

07/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41178
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

НЕМА ПОТПРЕТСЕДАТЕЛИ ЗА ДА ИМА ФЕР УСЛОВИ ЗА ИЗБОРОТ НА ИДНИОТ ЛИДЕР НА ВМРО-ДПМНЕ Новиот

07/02/2026

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски доби апсолутно мнозинство на Конгресот минатата година и легално и легитимно е во периодот што

ЗОШТО ЗАЕВ ЛИЧНО СЕ РАСПРАШУВАЛ ЗА ЗАПЛЕНЕТАТА ДРОГА? Колкав ќар очекувал експремиерот, Обвинителството да одговори

07/02/2026

Над две третини од 27 тони запленета дрога е од фирма на кадар на СДСМ, соработник на Зоран Заев, рече

ТОПОЛ ФЕВРУАРСКИ ДЕН, СО ТЕМПЕРАТУРА ДО 14 СТЕПЕНИ Следува заладување, дожд и снег

07/02/2026

Времето утре ќе биде променливо облачно, најавува Управата за хидрометеоролошки работи. Претпладне ќе има повремени локални врнежи од дожд, а

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy