
Винисиус во убедливата победа на Реал го постигна – најчудниот гол во кариерата (ВИДЕО)
„Кралевите“ со голот на Карвахал по само три минути игра го најавија десеттиот триумф сезонава во шпанската елита, додека Винисиус јуниор во 42. минута го удвои водството со најчудниот погодок во кариерата – постигнат со гради. Истиот фудбалер реализира и во 49. минута, а само 60 секунди подоцна во листата стрелци се запиша и Родриго, кој стрелаше прецизно уште еднаш пред самиот крај на средбата. Дуро во 88. минута го постигна почесниот погодок за гостите.
Реал Мадрид сега има 32 бода, два помалку од Жирона, а пет повеќе од Барселона, која има натпревар помалку.

