
ВИКЕНДОВ ПОСТУДЕНО И ВЕТРОВИТО На планините ќе провејува снег

Под влијание на ладна воздушна маса од север викендов во Македонија ќе биде релативно ладен и променлив со сончеви периоди и со повремено засилен ветер од северен правец. Локално ќе провејува и снег, особено на повисоките населени места и на планините и Скијачките центри, пишува македонскиот метеопрогнозер Славчо Попоски на својот портал Метеоаларм.
Што се однесува до температурите тие особено наутро на повеќе места ќе се спуштаат под нулата и тие ќе се спуштаат во интервалот од -6 до 2 степени а преку денот температурата ќе се искачува во интервалот од 2 до 10 степени.
Целата прогноза на Попоски може да ја прочитате на следниот ЛИНК.
.
