
ВИДЕО Возила на Брза помош се запали во Куманово
Возило на Брза помош се запали во Куманово, пишуваат медиумите на албански јазик. Според првичните информации нема повредени ниту жртви, а пожарот избувнал најверојатно од кај моторот, велат локалните жители. Веднаш на лице место пристигнала пожарна која успеала да го изгасне пожарот. Од болницата во Куманово до моментов нема никаква информација.

