
(ВИДЕО) Во невремето во Турција настрадаа и туристи
Поплави го зафатија Истанбул, каде има загинати и исчезнати луѓе.
Турција регистрира најмалку пет жртви, вклучително и двајца туристи. Нив ги однесоа поројните дождови што зафатија камп во северозападна Турција, пишува „Хуриет“. Министерот за внатрешни работи, Али Јерликаја, изјави дека уште четири лица се водат како исчезнати откога поплавите погодија камп во провинцијата Киркларели, во близина на границата со Бугарија. Објасни дека кога надошла водата, таму имало околу 12 туристи. Поплави има во Грција и Бугарија. И вчера имаше невреме во дел од регионот.
— Roberto (@UniqueMongolia) September 5, 2023