Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Власта ги осуди националистичките скандирања во Куманово, ДУИ бара оставки
Македонија

Власта ги осуди националистичките скандирања во Куманово, ДУИ бара оставки

04/08/2025

AA

Непристојните повици на еден спортски натпревар во Куманово, премиерот Христијан Мицкоски рече дека не ги слушнал, но ги осудува.

„Да бидам искрен, додека бев таму, воопшто не забележав ништо затоа што беше мала група луѓе. Но, би сакал да ја искористам оваа можност за да се приклучам во осудата на национализмот и ксенофобијата, пред сè на тоа што се случи за време на кошаркарскиот натпревар меѓу Македонија и Романија, а потоа и да упатам порака до сите навивачки групи – да навиваат за спортот, за нивниот тим и за националниот тим на Македонија. Тоа е она што го поддржува оваа Влада, а сè друго ќе биде предмет на истрага и санкции, без разлика од која страна доаѓа“, изјави премиерот Христијан Мицкоски.

„Настанот во Куманово беше сериозен инцидент кој го вознемири целото јавно мнение. ВЛЕН остро го осуди тоа. Сепак, за разлика од времето кога ДУИ беше дел од владата, а ваквите случаи се прикриваа и игнорираа, денес државата реагира брзо, решително и транспарентно. Јавното обвинителство веќе има отворено предмет, а Министерството за внатрешни работи спроведува истрага и веќе ги повикува осомничените на разговор. Тоа е доказ дека денес институциите функционираат. Денес државата не се крие, не се обидува да го релативизира проблемот и не го штити никого“, вели Дритон Сулејмани од Влен.

Од ДУИ бараат оставка од Астрит Исени, заменик-министер за внатрешни работи.

„ДУИ беше јасна: нема да дозволиме Албанците и секој друг граѓанин да станат цел на фашистички повици во земјата каде што се коосновачи на државата! Поради тоа, денес бараме конкретна политичка одговорност: итна оставка од Астрит Исени, заменик-министер за внатрешни работи, и оставка од Сафие Садики Шаини, заменик-министерка за спорт, поради непревенирање, нереагирање, неспособност и молк пред еден тежок напад врз достоинството на албанските граѓани и меѓуетничкиот соживот“, вели Емир Сулејмани од ДУИ.

Вчер Кошаркарската федерација и Општина Куманово, преку писмени соопштенија ги осудија ксенофобичните повици на неколку лица во салата. Основното јавно обвинителство Куманово отвори постапка и издаде упатства до СВР Куманово за да ги истражи елементите на кривично дело поврзано со повиците со говор на омраза, како што велат, од непознати лица. Инцидентот се случи за време на кошаркарскиот натпревар меѓу репрезентациите на Македонија и Романија, кој се одигра на 2 август, при свеченото отворање на реконструираната спортска сала во Куманово.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за

11/09/2026
Македонија

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД

11/09/2026
Македонија

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над

11/09/2026
Македонија

Поднесена кривична пријава за убиството на 26-годишникот во Скопје, осомничени

11/09/2026
Македонија

Новиот клинички центар ќе биде кај „Борис Трајковски“, се разгледуваат

11/09/2026
Македонија

Савески за „Пулс“: Роковите за притвор мора да се почитуваат,

11/09/2026
Македонија

Во тек е полициска акција: Претреси поради сомнежи за фалсификувани

11/09/2026
Македонија

Мицкоски за укинувањето на пресудата за „Ласкарци“ и Јакимовски: Вие

11/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45643
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за фалсификување исправа

11/09/2026

Претреси на вкупно 32 локации во Скопје се вршат денеска во рамки на полициска акција, информира Основното јавно обвинителство Скопје.

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД во борбата против тероризмот

11/09/2026

Дваесет и пет години по терористичките напади од 11 Септември, Македонија им оддава почит на жртвите и на оние кои

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над 20 дуќани со текстилна и

11/09/2026

На 11.09.2026 околу 03:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека во трговски центар на подрачјето на Шуто Оризари, биле опожарени

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy