
ВИДЕО: Во Македонија се повеќе се користи анти-радар, на тик-ток се споделуваат видеа како функционираат но и нудат за продажба
Што вели законот?
Член 368
(1) Во моторно возило не можат да се користат ниту вградуваат уреди или направи кои имаат за цел попречување на уредот што го користат полициски службеници за мерење на брзината на возилата (анти-радари).
(2) Доколку полициски службеник открие уред, односно направа согласно со ставот на овој член, ќе му нареди на возачот на возилото истиот да го отстрани, а доколку возачот одбие да го стори тоа, уредот односно направата ќе се отстрани на трошок на возачот на возилото.
(3) Прекршочен платен налог со глоба во износ од 300 евра во денарска противвредност ќе му се издаде на возачот кој постапува спротивно на одредбата од ставот (1) на овој член.
