(ВИДЕО) ВО ХАТАЈ: Турција изгради цел град за оние кои останаа без домови во земјотресот
Турција изгради цел град за оние кои останаа без домови во земјотресот.
Околу 200 такви брзо подигнати провизорни населби има само во регионот на Хатај.
„Вака изгледа прошетка низ една од новите населби во Хатај, изградена од страна на државата за оние кои останаа без домови во катастрофалниот земјотрес!“, стои во објавата на Фејсбук на страницата Република Турција.
На 6 февруари, 2023 година, во југоисточна Турција и северна Сирија имаше силен земјотрес. Имаше повеќе од 50.000 загинати, а повеќе од 125.000 беа повредени.
Многу земји помогнаа Турција да ги санира штетите.