
ВИДЕО Тројца загинати, осум повредени во тешка сообраќајка на патот Кичево – Гостивар: Обвинителството започна истрага
Тројца загинати и осуммина повредени е билансот од тешка сообраќајна несреќа што се случи на патот Кичево – Гостивар, во која учествувале три возила.
На местото на несреќата увид извршија дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кичево и екипи на МВР. По насока на обвинителството, подигнати се траги од лице место кои ќе бидат предмет на вештачење со цел утврдување на причините за несреќата.
Издадени се наредби за обдукција на телата на починатите лица, како и за испитување на евентуално присуство на алкохол или други психоактивни супстанции кај повредените учесници во сообраќајката.
Обвинителството најавува дека истрагата продолжува со преземање на дополнителни дејствија за целосно расветлување на трагичниот настан.
