
ВИДЕО „Тоа што живееме на Балканот не значи дека компирите ги вадиме од земја со бомби, туку и ние ги копаме“ рече директорот на клиниката Козле
Детската болница „Козле“ во Скопје и официјално е претворена во Клиника за лекување на детски болести. Директорот Јетмир Зибери рече дека во оваа болница за 2023 година се извршени 35.000 амбулантски прегледи и дека се лекуваат над 4.000 деца.
„Ќе ми дозволите мало отцепување од темата, да пренесам една интересна анегдота со академикот, професор-доктор Аршавир Сираган Дережијан, член на Француската академија на науките, инаку мојот ментор, кој на меѓународен конгрес на хирургија во Лион, на провокативно прашање како вие ги лекувате пациентите, тој одговорил: Тоа што живееме на Балканот не значи дека компирот го вадиме од земја со бомби, туку и го копаме. Но, најважно е дека на краток рок ќе им пристапиме на условите што ги нудат сите европски клиники во лекувањето на децата, како наш најголем адут. Говорот ќе го завршам со мислењето на една од најголемите личности во светската литература Данте Алигиери: Три работи ни останаа од рајот, ѕвездите ноќе, цвеќињата дење и детските очи“, рече Зибери.
„Мала интервенција“, се уфрли министерот здравство Фатмир Меџити по говорот на директорот.

