
(ВИДЕО) СРБИ ПЦУЕЛЕ И ГАЃАЛЕ ХОТЕЛИЕРИ ВО ТУНИС: Не биле задоволни од условите, па настана мешаница
Српски туристи направиле хаос во Тунис и за малку ќе се степале со хотелиерите.
Однесувањето на некои српски туристи кои се наоѓаат во хотел во Тунис ги згрозило корисниците на социјалните мрежи. Како што се наведува на социјалните мрежи, група туристи биле незадоволни затоа што наводно агенцијата го пребукирала хотелот каде се сместени, како и дека спијат во соби со мувлосани ѕидови и без клима на 46 степени. Се појавила и видеоснимка од незадоволни туристи, кои го обиколиле пултот на рецепција и се расправале со работниците во хотелот, а нивното однесување не било воопшто пријатно. Тие им викале на работниците на рецепција, а една жена дури и ги нападнала. Таа пцуела додека со постелнина ги гаѓала работниците на рецепција. После тоа маж од Србија удрил со раката во пултот и ги пцуел работниците во хотелот. На снимката може да се види и жена која во еден момент фрла документи. Многу српски туристи летото го поминуваат во Тунис.
JEL MOGUĆE OVO?!!?!? Btw ovi ljudi još i fino reaguju šta su im uradili…. #caosvima pic.twitter.com/c5LYKC8O8f
— Оливија Поуп (@s_monom) July 26, 2023