(ВИДЕО) СРБИЈА БАРА ГОНЕЊЕ НА СТОРИТЕЛИТЕ: Албанци во Тирана го запалија српското знаме
Србија испрати протестна нота до Амбасадата на Албанија во Белград поради палењето на српското знаме во Тирана.
Министерството за надворешни работи на Србија денеска соопшти дека упатила протестна нота до Амбасадата на Албанија во Белград, во која најостро го осудува неприфатливиот чин на палење на државното знаме на Србија на централниот градски плоштад Скендербег во Тирана, објавено на интернет на 20 ноември, јави дописникот на МИА од Белград.
„Сметаме дека ваквите настани им штетат на билатералните односи на двете земји, кои во изминатите неколку години го достигнаа највисокото ниво во нивната повеќевековна заедничка историја“, пишува во соопштението.
Србија очекува надлежните институции на Албанија да направат сè што е во нивна моќ за да ги идентификуваат и гонат сторителите на овој грозоморен чин, кои се јасно видливи на објавеното видео, како и дека за тоа по дипломатски пат во разумен рок ќе се произнесат и ќе ги информираат институциите на Република Србија.
Репрезентацијата на Албанија по вторпат во својата историја се пласираше на Европското првенство, а при прославата на плоштадот Скендербег во Тирана, навивачи запалија српско знаме. И во декември во 2021 година, демонстранти во Тирана запалија српски знамиња.
фото принтскрин
Tifozët djegin flamurin serb në Sheshin Skënderbej pic.twitter.com/fAZB69b2je
— JOQ Albania (@JoqAlbania) November 20, 2023