
(ВИДЕО) СНИМКА КОЈА СТАНА ХИТ: Хрват во детски базен весла до кај соседот
Хрват во детски базен веслаше до кај соседот откако невреме ја зафати државата.
Видеото стана популарно на социјалните мрежи. „Браво комшија“, „Браво Марко“, „Вистински комшија“ се коментарите на граѓаните. Најкритична е состојбата покрај реката Сава која поради високиот водостој се излеа од коритата.
Невреме деновиве ги зафати Словенија и Хрватска. Бројот на загинати во Словенија денеска се зголеми на шест, откако се пронајдени телата на маж кој работеше на поправка на штетите и уште едно тело во надојдената река Теменица, јавува СТА.

