Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 (ВИДЕО) Приведени 10 лица кои биле дел од организирана меѓународна група за криумчарење мигранти
Македонија

(ВИДЕО) Приведени 10 лица кои биле дел од организирана меѓународна група за криумчарење мигранти

05/06/2023

AA

Националната единица за сузбивање на криумчарење мигранти и трговија со луѓе при Сектор за криминалистички истраги во Оддел за сузбивање на организиран и сериозен криминал, во содејство со Одделот за специјални и посебни операции, Секторите за внатрешни работи Куманово, Скопје, Струмица и Регионалните центри за гранични работи Југ и Исток, под раководство на Јавен обвинител од ОЈО за ГОКК, во рамките на криминалистичка истрага која се води под псевдонимот „Исар“, спроведе координирана полициска операција со цел сузбивање на организирана криминална група, која го извршувала кривичното дело криумчарење мигранти.

Криминалистичката истрага над организираната 17-члена група, која е дел од меѓународен канал за криумчарење на мигранти, се спроведуваше од јули 2021 година до мај 2023 година. Оваа организирана криминална група врз основа на претходен договор со лица од Србија, Бугарија, Унгарија и РСМ, организирале криумчарење на мигранти од Грција кон Унгарија и од Бугарија кон Србија, со крајна дестинација во земјите на ЕУ.

Оваа меѓународна криминална група, била предводена од М.И., С.М., Ж.К., Д.Д. и С.П., при што најпрво обезбедувале возила од рент-а-кар агенции од Скопје, Куманово и Тетово и Бугарија, а потоа ангажирале лица „возачи“ и „чистачи“ за прифаќање и превезување на мигрантите. Од страна на организаторите, преку лични средби на претходно договорени локации во Србија и Унгарија, како и преку мобилни апликации на лицата „возачи“ и „чистачи“, како и на лица организатори од Србија и Унгарија, им е испраќана точната локација за прифаќање на илегалните мигранти. Од овие локации, мигрантите биле преземани од С.И., М.Д., К.Ж., А.Т., С.С., Ш.Г., Н.М., Н.М. и М.М кои биле ангажирани во улога на „возачи“ и „чистачи“. Истите лица повремено ангажирале и други лица како возачи, за прифаќање на мигрантите.

Во зависност од бројот на криумчарените мигранти, како и локациите и возилата со кои се преземани и превезувани мигрантите од страна на криминалната група од РСМ преку териториите на Србија, Унгарија и Бугарија, цената на транспорт по лице која ја исплаќале мигрантите се движела од 2000 до 4000 евра.

Во текот на истрагата утврдено е лице – организатор по потекло од Ирак, со германски травел документи, член на меѓународната криминална група на криумчарење на мигранти, кој по претходна комуникација со организаторите од РСМ договарал прифаќање и превезување на илегални мигранти на територијата на Бугарија и Унгарија, за што преку брз трансфер на пари, преку лица посредници од Турција вршел трансфер на пари кон организаторите од РСМ.

При реализацијата на оваа криминалистичка истрага беа вклучени соодветен број полициски сили од ОСОСК, ОСПО, ОКТИВ и СВР Скопје – ЕУМНА, при што претреси беа извршени во вкупно 11 објекти, лоцирани на подрачје на Куманово, Кратово и Струмица, а лишени од слобода се 10 лица, а три лица-членови на криминалната група веќе издржуваат мерка затвор во КПУ Штип, КПУ Идризово и Р.Унгарија за претходно сторени кривични дела „криумчарење мигранти“.

ОСОСК до ОЈО за ГОКК поднесе кривична пријава против 17 лица и тоа против: М.И. (21), Ж.К. (23), М.М. (21), сите од Куманово и Д.Д. (20) и С.Т. (20), двајцата од Кратово за сторени кривични дела „организирање на група и поттикнување на извршување на делата трговија со луѓе, трговија со дете и криумчарење на мигранти“ (член 418-в став 1) и „криумчарење на мигранти“ (член 418-б став 4 вв став 2), С.П. (22) од Куманово за сторено кривично дело „организирање на група и поттикнување на извршување на делата трговија со луѓе, трговија со дете и криумчарење на мигранти“ (член 418-в став 1) и „криумчарење на мигранти“ (член 418-б), С.М. (26) од Куманово за сторено кривично дело

„организирање на група и поттикнување на извршување на делата трговија со луѓе, трговија со дете и криумчарење на мигранти“ (член 418-в став 1), С.И. (48) од Скопје за сторено кривично дело „организирање на група и поттикнување на извршување на делата трговија со луѓе, трговија со дете и криумчарење на мигранти“ (член 418-в став 2), М.С. (26) од Струмица, М.Д. (31), К.Ж. (20), Н.С. (27), Н.М. (24) сите од Куманово за сторено кривично дело „организирање на група и потикнување на извршување на делата трговија со луѓе, трговија со дете и криумчарење на мигранти“ (член 418-в став 2), А.Т. (21) и С.С. (21) од Кратово за сторени кривични дела „организирање на група и

потикнување на извршување на делата трговија со луѓе, трговија со дете и криумчарење на мигранти“ (член 418-в став 2) и „криумчарење на мигранти“ (член 418-б став 4), Ш.Г. (29) од Скопје за сторени кривични дела „организирање на група и потикнување на извршување на делата трговија со луѓе, трговија со дете и криумчарење на мигранти“ (член 418-в став 2) и „криумчарење на мигранти“ (член 418-б став 4 вв чл.24) и Н.М. (21) од Штип за сторени кривични дела „организирање на група и потик нување на извршување на делата трговија со луѓе, трговија со дете и криумчарење на мигранти“ (член 418-в став 2) и Криумчарење на мигранти“ (член 418-б).

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

38-годишен маж пронајден починат во својот дом во Штип

08/08/2026
Македонија

Зголемен бројот на лица со стомачни вируси и дехидратација, Македонија

08/08/2026
Македонија

Слета владиниот авион со повредениот турист од Бодрум

08/08/2026
Македонија

Полицијата уапси возач од Арачиново кој избегал без да помогне

08/08/2026
Македонија

Во Албанија се запали комбе со македонски регистарски таблички што

08/08/2026
Македонија

Се обновува патот од Првата светска војна на Пелистер, ќе

08/08/2026
Македонија

До кога ќе ги малтретирате граѓаните со километарски колони? ЛДП

08/08/2026
Македонија

25 години од Карпалак, најбројниот масакар во воениот конфликт во 2001г.

08/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44917
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

38-годишен маж пронајден починат во својот дом во Штип

08/08/2026

Трагичен настан бил пријавен во Штип во раните утрински часови на 7 август. Според информациите од полицијата, во 02:45 часот

Зголемен бројот на лица со стомачни вируси и дехидратација, Македонија под топлотен бран

08/08/2026

Високите амбиентни температури донесоа значително зголемен прилив на пациенти на Детското одделение во Општата болница во Куманово, каде што дневно

Слета владиниот авион со повредениот турист од Бодрум

08/08/2026

Од Бодрум со владиното авионче попладнево на скопскиот аеродром беше префрлен патникот кој се здобил со побреди во Турција, потврдиваат

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy