Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 (Видео) Пресечен канал за трговија со дрога, заплената во вредност од околу 300.000 евра
Магазин

(Видео) Пресечен канал за трговија со дрога, заплената во вредност од околу 300.000 евра

06/04/2023

AA

Во патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки пронајдени се четири патни торби со околу 100 килограми висококвалитетна марихуана во вредност од околу 300.000 евра.

Дрогата, како што денеска соопшти Министерството за внатрешни работи, најверојатно потекнува од фабрика за производство на масло од канабис за медицински цели и при улична продажба би достигнала цена од 600.000 евра.  

Министерството за внатрешни работи соопшти дека се приведени три лица – Б.А.(37) од село Буковиќ, општина Сарај, М.А.(21) од село Копаница и Н.А.(18) од село Буковиќ. 

– Имено, околу 20:00 часот на бул.„Маршал Тито“ во Неготино, полициски службеници дале наредба за запирање на возило „шкода октавија“ со скопски регистарски ознаки, но возилото не застанало, а веднаш потоа било запрено патничкото возило „мерцедес“. Притоа, возачот Б.А. се обидел да избега, но набргу бил фатен, а при преглед во возилото била пронајдена дрогата. Набргу, по преземени мерки било пронајдено и запрено и возилото „шкода октавија“, кое го управувал М.А., а совозач бил Н.А., кое играло улога на претходница на возилото „мерцедес“. Подоцна, со судска наредба, биле извршени претреси во домовите на приведените лица, при што кај М.А. биле пронајдени и одземени два пиштола, кои ги поседувал без дозвола, соопшти Сузана Прањиќ Талевска од МВР.   

Во текот на денот, како што најавуваат од МВР, ќе бидат извршени вонредни контроли во фабрики за производство на масло од канабис за медицински цели во околината на Кавадарци и Неготино.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Кривична пријава за 18-годишна девојка од виничко: Лажно пријавила дека

14/08/2026
Македонија

Пијан маж ja напуштил сопругата на улица во Тетово, таа

14/08/2026
Македонија

Голем пожар над селото Бојане: Пожарникари од Скопје и Тетово

14/08/2026
Македонија

Во тек е меѓународна координирана акција против организирана криминална група

14/08/2026
Македонија

Меѓународна полициска акција во Македонија, Косово и Грција: Запленети 300

14/08/2026
Македонија

Заштитете ги пчелите: Во вторник терестричната дезинсекција против ларви во

14/08/2026
Македонија

Проблемот со водата во Гостивар е поради пропусти на локалната

14/08/2026
Македонија

Трагедија на патот Струмица – ГП Ново Село: Пијан возач

14/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45028
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Кривична пријава за 18-годишна девојка од виничко: Лажно пријавила дека избола човек со нож

14/08/2026

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Виница поднесе кривична пријава против М.С.(18) од с.Лески, виничко, поради постоење основи на сомнение за

Пијан маж ja напуштил сопругата на улица во Тетово, таа ја превртела количката со се

14/08/2026

СВР Тетово поднесe кривична пријава против В.М.(42) од Прилеп и Б.С.(37) од село во општина Желино поради постоење основи на

Голем пожар над селото Бојане: Пожарникари од Скопје и Тетово се борат со огнената стихија

14/08/2026

Пожар од поголеми размери попладнево избувна над скопското село Бојане. Според првичните информации, огнот се шири од правецот на општина

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy