Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Огнените не попуштаат – официјално ќе настапуваат како фракција!
Македонија

Огнените не попуштаат – официјално ќе настапуваат како фракција!

06/04/2023

AA

Огнената група“ од Демократската унија за интеграција од денеска и официјално ќе настапуваат како фракција на партијата. Градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу на прес-конференција рече дека се обврзуваат да бидат гласот на сите Албанци.

-За жал, три години по ред алармираме дека не се почитуваат Статутот и програмата на ДУИ, што најдобро го докажува неформирањето на партиски тела за овие години. Денеска стоиме пред вас како фракција и се обврзуваме дека ќе бидеме гласот на потребите и барањата, не само на нашиот електорат, туку на сите Албанци и овој глас нема никој да го замолчи. За нас гласот на народот е сè, затоа што ова е гласот на разумот и ќе го покажеме на дело правилното, принципиелното и сеопфатното функционирање, изјави Ганиу.

Според него има двојни стандарди за време на дебатите и носењето на одлуките. Напомена дека нивниот предлог за гласање недоверба на министрите бил одбиен. Според Ганиу, органите на ДУИ не функционираат според Статутот, а политичките одлуки се носат исклучиво од министрите на ДУИ.

Градоначалникот на Чаир посочи дека меѓу нив и ДУИ има разлики во ставовите околу спроведувањето на албанскиот јазик во пракса и изнесе неколку предлози за власта, меѓу кои и отстранување на 20 проценти од Уставот, регулирање на статусот на семејствата на борците на ОНА, обезбедување на услови за гласање на дијаспората по електронски пат, казината да бидат надвор од населени места, зголемување на минималната и просечната плата, како и зајакнување на општините.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Кривична пријава за 18-годишна девојка од виничко: Лажно пријавила дека

14/08/2026
Македонија

Пијан маж ja напуштил сопругата на улица во Тетово, таа

14/08/2026
Македонија

Голем пожар над селото Бојане: Пожарникари од Скопје и Тетово

14/08/2026
Македонија

Во тек е меѓународна координирана акција против организирана криминална група

14/08/2026
Македонија

Меѓународна полициска акција во Македонија, Косово и Грција: Запленети 300

14/08/2026
Македонија

Заштитете ги пчелите: Во вторник терестричната дезинсекција против ларви во

14/08/2026
Македонија

Проблемот со водата во Гостивар е поради пропусти на локалната

14/08/2026
Македонија

Трагедија на патот Струмица – ГП Ново Село: Пијан возач

14/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45028
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Кривична пријава за 18-годишна девојка од виничко: Лажно пријавила дека избола човек со нож

14/08/2026

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Виница поднесе кривична пријава против М.С.(18) од с.Лески, виничко, поради постоење основи на сомнение за

Пијан маж ja напуштил сопругата на улица во Тетово, таа ја превртела количката со се

14/08/2026

СВР Тетово поднесe кривична пријава против В.М.(42) од Прилеп и Б.С.(37) од село во општина Желино поради постоење основи на

Голем пожар над селото Бојане: Пожарникари од Скопје и Тетово се борат со огнената стихија

14/08/2026

Пожар од поголеми размери попладнево избувна над скопското село Бојане. Според првичните информации, огнот се шири од правецот на општина

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy