
ВИДЕО Пожар избувна во околината на Петровец
Попладнево избувна пожар во околината на Петровец. Според првичните информации, огнот зафатил сува трева, но на терен е забележан и густ црн чад, што укажува на можноста за горење на други материјали.
Засега нема официјални информации за причината за пожарот, ниту дали постои опасност за околните објекти.
Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов, изјави дека БППЗ Скопје е тргната кон овој пожар.