
(ВИДЕО) ПОПЛАВЕНА ПРУГА И ПРЕВРТЕНИ ВАГОНИ: Драва направи штети кај Копривница
Реката Драва предизвика оштетување и на пругата кај Копривница. Се појавија снимки на кои се гледа како водата тече покрај вагоните.
Порталот Драва.инфо објави видео на кое се гледа поплавена железничка пруга и превртени вагони. На езерото Шодерица кај Копривница водата го проби брегот, го потопи кампот, игралиштето, теренот се урива. Поплавите ги погодија Хрватска и Словенија. Во Словенија има огромни штети.