Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ВИДЕО: Погледнете ги поплавите по невремето во Италија – како санта мраз да се шири по улицата
Македонија

ВИДЕО: Погледнете ги поплавите по невремето во Италија – како санта мраз да се шири по улицата

22/07/2023

AA

Северна Италија беше погодена од силно невреме со дожд, урагански ветрови и град, па дури и торнадо во Милано. Невремето корнеше дрвја, откорна покриви и предизвика поплави. Најлошо беше во Ломбардија, а невреме беше забележано и во Венето. Неколку лица се повредени. На социјалните мрежи е објавено видео од поплавите.

Според Corriere della Sera, Ломбардија веќе била погодена во текот на ноќта од силен бран на силен дожд со екстремни феномени како град кој бил поголем од тениските топчиња. Во североисточниот дел на Милано, утрото се појави бура, еден вид торнадо, кое го забележале жителите помеѓу Cernusco sul Navigli и Gessate. Пожарникарите извршиле 110 интервенции поради поплави, одрони и паднати дрвја.

Известено е дека се повредени неколку лица, како и дека е причинета значителна штета на автомобили и куќи, а некои патишта се затворени поради паднати дрвја и други штети. Две лица се повредени во околината на Бреша. Во областа Бергамо, каде ураганските ветрови корнеа дрвја, четири лица, меѓу кои две деца, се повредени кога дрво паднало врз нивниот автомобил.

Massive hail flow at street in Seregno, Italy #ITALYFLOODS pic.twitter.com/yfsvn4iWsY

— Shivendra Pratap Singh (@vatsalshivendra) July 21, 2023

Во Ломбардија, невремето предизвика и голема штета на земјоделските култури. Во Мантова невообичаено големо невреме со град ги уништи посевите на полињата со пченка, соја и домати. Зафатени беа и плантажите со лубеници, дињи и тиква. Во Венеција маж кој го удри гром додека се шеташе низ градот среде невреме е пренесен во болница со тешки повреди.

Екстремно лошото време е резултат на топлотните бранови кои неодамна ја зафатија Италија, но и голем дел од северната хемисфера. Како што јави Анса, за следната недела се предвидува уште еден период на интензивни горештини.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

15 ВОЗАЧИ ЛИШЕНИ ОД СЛОБОДА Двајца малолетници меѓу оние кои

14/02/2026
Македонија

ВРЕМЕТО СЕ МЕНУВА ДРАСТИЧНО Дожд, бури, а на планините и

14/02/2026
Македонија

Муцунски: Германија останува клучен партнер во македонските евроинтеграции и економската

14/02/2026
Македонија

📽️ 📷 МИРОТ МОРА ДА БИДЕ ПРАВЕДЕН ЗА ДА БИДЕ

14/02/2026
Македонија

НАМЕСТО БИЗНИС ОСТАНАЛА БЕЗ ПАРИ Кавадарчанка измамена за 3.000 евра

14/02/2026
Македонија

Струга сè уште без чиста вода: Приватна институција од Скопје

14/02/2026
Македонија

Вештачењето во „Онкологија“: Стручни мислења и контроверзии околу документацијата

14/02/2026
Македонија

Декларацијата за независност – сведоштво напишано со срце и на

14/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41480
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Цената на нафтата порасна по мешаните сигнали за тензиите меѓу САД и Иран

27/06/2025

Американската сурова нафта WTI (West Texas Intermediate) денес поскапе за повеќе од еден процент, на близу 66 долари за барел,

Трагедија во Истанбул: 19-годишник ја застрелал својата 18-годишна бремена свршеница

27/06/2025

Деветнаесетгодишник ја застрелал и убил својата 18-годишна вереница, која била бремена пет месеци, во истанбулскиот кварт Саријер, а потоа избегал

Зеленски бара силни санкции за Русија – удар по нафтата, банките и оружената индустрија

26/06/2025

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денес изјави дека главните цели на 18-тиот пакет санкции на ЕУ треба да бидат нафтата,

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy