
ВИДЕО Почина турскиот пратеник кој доживеа срцев удар додека ја критикуваше политиката на владата кон Израел
Опозицискиот пратеник во турскиот парламент Хасан Битмез, член на партијата Фелисити (Саадет), почина во градската болница во Анкара, два дена откако доживеа срцев удар во парламентот по говорот во кој ја критикуваше политиката на владата кон Израел.
На снимката од турскиот парламент се гледа како 54-годишниот Битмез паѓа на подот по говорот во кој ја критикуваше владејачката Партија на правдата и развојот (АКП) на претседателот Реџеп Таип Ердоган за трговијата на Турција со Израел и покрај конфликтот со Хамас во Газа.
„Дозволувате бродови да одат во Израел и бесрамно тоа го нарекувате трговија. Вие сте соучесник на Израел“, рече Битмез во говорот откако на говорницата постави транспарент со натпис „Убиец на Израел: соработник на АКП“.
„Вие и вашите соработници ја имате крвта на Палестинците на вашите раце. Вие придонесувате за секоја бомба што Израел ќе ја фрли врз Газа“, им рече тој на пратениците за време на дебатата за буџетот на Министерството за надворешни работи за 2024 година.
Турскиот министер за здравство по седницата во вторникот објави дека ангиографијата открила дека двете главни вени во срцето на Битмез биле целосно блокирани.
Срцето престана да му чука, беше реанимиран во парламентот и за 20 минути префрлен во болница, каде медицинската машина го одржа во живот“, рече Коча.
Малата исламистичка партија Саадет се приклучи на главниот опозициски блок кој го поддржа противникот на Еродоган Кемал Киличдароглу на претседателските избори во мај 2023 година.
Битмез, кој дипломирал на Универзитетот Ал Азхар во Каиро, бил претседател на Истражувачкиот центар на Исламската унија.

