
ВИДЕО Пет лица во авионот на крајбрежната стража загинаа
Пет лица кои се наоѓале во авионот на крајбрежната стража загинаа, објави агенцијата АФП, цитирајќи го јапонскиот министер за транспорт.
Државната телевизија NHK, исто така, објави пет мртви. Капетанот избегал, но е тешко повреден, се додава.
Се верува дека авионот на крајбрежната стража, кој пренесувал храна во областите погодени од силниот земјотрес во понеделникот, се судрил со авионот на Japan Airlines додека слетал на пистата.
Сите 379 патници и членови на екипажот на авионот на Japan Airlines успеаја да побегнат пред целосно да биде зафатен од пламен. Следниот краток клип покажува луѓе како бегаат преку лизгалки на надувување – погледнете: