
(ВИДЕО) ПАНИКА ВО ГРЦИЈА: Туристи снимија ајкула?
Туристите во Грција снимиле нешто слично на ајкула.
Ова се случило во близина на брегот на грчкиот град Волос.
„Волос е блиску до полуостровот Пелион, а не е далеку ниту Скијатос, па обрнете внимание“, напиша корисник на Твитер над видеото.
Некои мислат дека се работи за ајкула, други се убедени дека се работи за сабјарка.
„Ова е марлин, ова не е ајкула. Ајкулата има различни перки“, „Секое утро на Пилион гледав нешто како плива среде заливот, но не идентификував што е тоа“, „Би рекол дека е црн марлин, или сабјарка“, „Не сакам да среќавам делфин кога нуркам“, се само некои од коментарите под видеото.
„Грција е целосно безбедна земја за посетителите, нашиот план за туризмот се спроведува нормално“, порача портпаролот на грчката Влада Павлос Маринакис на денешниот редовен брифинг со новинарите.
Претходно, летово во Египет ајкула уби руски турист, а во Шпанија ајкули пливаа во плиткото.
Видеото можете да го видите тука.
