
(ВИДЕО) ПАЃАШЕ ГРАД СО ГОЛЕМИНА НА ТЕНИСКИ ТОПЧИЊА: Во Италија има повеќе од 110 повредени
Невреме вчера ја зафати Италија, каде паѓаше град со големина на тениски топчиња, при што 110 се повредени, а едно лице потешко. Пожарникарите добиле над 200 повици за интервенции. Погодени се Венето, Тревизо, Венеција, Падова и Виченца.
Луѓето имаат повреди предизвикани од скршено стакло, од паднати дрвја или од силниот град. Италија и понатаму е под топлотниот бран. За денеска е објавен црвен аларм во 18 италијански градови – Анкона, Бари, Каљари, Кампобасо, Катанија, Чивитавекија, Фиренца, Фросиноне, Латина, Месина, Неапол, Палермо, Перуџа, Пескара, Реџо Калабрија, Риети, Рим и Витебро. Ова е трет топлотен бран во Италија од почетокот на летото.
Во балканските земји има неколку жртви во невремето и над 100 повредени.

